Достапни линкови

Кармен Ризо првпат пред македонска публика


Кармен Ризо.
Кармен Ризо.

Американскиот електронски артист и продуцент Кармен Ризо, на два пати номиниран за наградата „Греми“, в среда ќе има свој диџеј сет во скопскиот клуб „Кензо Танге“. На ова случување ќе му претходи негово прогласување за почесен професор на Универзитетот за аудио-визуелни уметности ЕСРА.

Кармен Ризо во изминативе две децении од својата еклектична кариера работел на многу различни проекти и соработувал со многу звучни имиња. Тој е светски музички продуцент кој како коавтор и како програмер се појавува на албумите на поп ѕвезди како Сил, Пол Окенфолд и Тиесто. Неговото име како соработник може да го сретнете на објавите на КОЛДПЛЕЈ, Аланис Морисет, КД Ленг, Руичи Сакамото, Пит Таунсенд и Дајдо.
Тоа е голема чест за мене и се чувствувам привилегиран што по прв пат ќе имам можност да настапам во Македонија. На публиката и ветувам навистина несекојдневно аудио-визуелно патување.
Кармен Ризо,електронски артист и продуцент.

Згора на тоа, Ризо е автор на музиката за филмот „Силата на играта“ на реномираниот британски режисер и добитник на Оскар - Мајкл Аптид, на одјавната шпица на наградуваната Сони плејстејшн 3 видео игра “ Uncharted 2: Among Thieves“ , а неговите теми може да ги сретнете и во сит сериите „Вистинска крв“, „На местото на злосторството – Мајами“ и „Округот Оринџ“.

Во неговиот творечки опус се наоѓаат и четири изданија кои што високо котираат на светските топ
Американскиот електронски артист и продуцент Кармен Ризо
Американскиот електронски артист и продуцент Кармен Ризо
листи и во нив тој соработува со пејачи како Грант Ли Филипс, Шана Халиган, Кејт Хавневик, Џем, Естеро и други.

Американецот во својата музика инстинктивно користи акустични инструменти, синтисајзери, богати содржински ритмови и неверојатни вокални линии создавајќи емотивни електронски пулсации кои доловуваат различни културни простори пренесувајќи пораки со чиста,
Ќе имаме прилика заедно да соработуваме на диџеј сетот на кој јас ќе бидам краток ворнап пред неговиот настап, очекуваме одличен настап, одлична презентација и да се продлабочи соработката меѓусебна и секако со некои од нашите институции, филмски компании.
Влатко Георгиев, музичар

спиритуална и природна енергија.

Овој музички номад кој во Европа е застапуван од промотерската куќа Agency4Artists оваа среда ќе има свој диџејски сет во скопскиот клуб „Кензо Танге“, а во пресрет на ова случување нему му претстои прогласување за почесен професор на Универзитетот за аудио-визуелни уметности ЕСРА.

„Тоа е голема чест за мене и се чувствувам привилегиран што по прв пат ќе имам можност да настапам во Македонија. На публиката и ветувам навистина несекојдневно аудио-визуелно патување“, вели помеѓу летовите од Цирих за Прага – Кармен Ризо.

Инаку, во пресрет на неговиот настап публиката ќе има средба и со Влатко Георгиев, лидерот на македонската група ИНФЈУЗ и колега на Ризо од Agency4Artists.

„Ќе имаме прилика заедно да соработуваме на диџеј сетот на кој јас ќе бидам краток ворм-ап пред неговиот настап, очекуваме одличен настап, одлична презентација и да се продлабочи соработката меѓусебна и секако со некои од нашите институции, филмски компании.“

Во моментов Кармен Ризо ја завршува музиката за новиот филм, а интересно е што тој е и артист на фондацијата на режисерот Дејвид Линч во која членови се и Питер Гебриел, Моби, Иги Поп, Том Вејтс, Дејв Стјуарт и други.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG