Достапни линкови

Инсталација на уметницата Маја Кировска


8m² земја,16m³ воздух, цело небо и цела вселена е насловена самостојната изложба на младата уметница Маја Кировска. Со краткотрајна инсталација направена од распадливи материјали, таа го поставува во фокус прашањето на избор како прашање кое ја одредува патеката на нашите животи.

Продолжувајќи го континуитетот на перформансот Опсерваторија на будните што сонуваат кој минатата година беше прикажан на повеќе фестивали во земјава и во странство, младата уметница Маја Кировска реши вниманието на ликовната публика да го предизвика и со својата нова поставка.
Самиот наслов вклучува таква врста на спротивности, една ограничена мерка на простори и нивната спротивност, значи целата вселена, и како во една спрега на сили предизвикуваат движење.
Маја Кировска, уметник.

Станува збор за краткотрајна инсталација направена од неспецифични материјали и проект чија цел е да влезе во интеракција со гледачот и да го постави во фокус прашањето на избор како прашање кое ја одредува патеката на нашите животи и да го разгледа начинот на кој ние како единки пристапуваме кон него. Од таму таа за 8m² земја,16m³ воздух, цело небо и цела вселена вели дека нејзиното дело се занимава со спротивностите од кои е составен светот.

„Значи самиот наслов вклучува таква врста на спротивности, една ограничена мерка на простори и
Гледачите треба да си одберат по еден експонат и да си го понесат со себе
Гледачите треба да си одберат по еден експонат и да си го понесат со себе
нивната спротивност, значи целата вселена, и како во една спрега на сили предизвикуваат движење.“

Кировска истакнува дека нејзината инсталација е направена главно од органски материјали и од мраз и дека гледачите треба да си одберат по еден експонат и да си го понесат со себе – всушност тактилно да го почувствуваат.

„Не е само рационалното спознавање дел од нашето битие туку и интуитивното спознание кое ете во последно време забораваме дека е еквивалентна сила на рационалното.“

Маја Кировска влегува во кругот на млади и перпективни македонски уметници кои полека, но сигурно се пробиваат на интернационалната сцена. На Факултетот за ликовни уметности во Скопје на отсекот графика дипломира во 2007 година и беше прогласена за најдобар студент во класата, а четири години подоцна магистрира сликарство на истата високообразовна институција.

Во 2009 година со неколку колеги ги основа уметничката група и уметничкиот простор Арт И.Н.С.Т.И.Т.У.Т , а како творец во својата практика се користи со различни медиуми како инсталација, скулптура, перформанс, видео, слика, графика, цртеж и филм, најчесто комбинирајќи ги. Во деновите од изминатиот викенд токму нејзината творечка дружина беше актуелна со проектот Паразити.

Инаку, ова и е четврто самостојно претставување на Кировска. Таа досега учествувала на изложби и на фестивали во повеќе земји од светот како Италија, Мексико, Канада, Русија, Монголија, Литванија и Кина, а по премиерното претставување во Скопје, со истата оваа инсталација, уметницата ќе патува во Хрватска, Холандија, Данска и во други европски земји.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG