Достапни линкови

Изложба на Ангел Миов


Инсталација на уметникот Ангел Миов. Изложбата е во Отворено графичко студио – Скопје
Инсталација на уметникот Ангел Миов. Изложбата е во Отворено графичко студио – Скопје

„Личнос(ти)“ е насловена втората самостојна изложба на Ангел Миов на која уметникот преку инсталација проследена со видео перформанс го проблематизира прашањето за идентитетот на авторот наспроти делото.

Инсталацијата се состои од две соби преградени во галерискиот простор. Во влезната има испишан текст како писмо-порака на ѕидот и од неа се влегува во другата просторија, атељето на уметникот каде ги има сите предмети и
Идејата е концептуална што подразбира дека целото објаснување за делото преминува во дело, се обраќа на уметноста, огледалото е како еден вид огледало на уметничкото дело, огледало на светот, на општеството.
алатки кои што се потребни за создавање на едно класично сликарско дело – платна, четки, бои, палети... И, сите се празни со предупредување ништо да не се допира. До штафелајот е поставен монитор на кој се емитува видео со перформанс на девојка која што пее оперска арија која што се состои од еден и единствен збор – НЕ. На овој начин уметникот Ангел Миов го проблематизира идентитетот на авторот наспроти делото. Идентитетот на делото наспроти предметите и уметноста. Слободата на изборот како ограничување и можноста за оградување од ТИ. ТИ наспроти ЈАС.

Тој потенцира дека единствениот проблем на човекот е неговото ЈАС и вели дека слободата може да се постигне само доколку човековата суета се ослободи од ЈАС.

Ангел Миов

„Идејата е концептуална што подразбира дека целото објаснување за делото преминува во дело, се обраќа на уметноста, огледалото е како еден вид огледало на уметничкото дело, огледало на светот, на општеството“, објаснува Миов.

Тој притоа дополнува дека времето во кое твори и не влијаело врз неговата уметност.

„Денешнава современа уметност опстојува само во една поразлична форма од историската смисла, се менуваат медиумите како израз на уметноста, а уметноста продолжува и како идеја и како мисла... Авторот сам по себе е уметник и тоа е негова работа.“

Ангел Миов е роден 1982 година во Гевгелија. На Факултетот за ликовна уметност во класата на професор Благоја Маневски дипломира во 2006, а пет години подоцна магистрираше на истата катедра. Тој е еден од основачите на уметничката група АРТ И.Н.С.ТИ.Т.У.Т, а ова е негова втора самостојна поставка по бројните учества на групни изложби во земјава и во странство. За натамошните исчекори уметникот знае да забележи.

„Размислувам и понатаму да творам на оваа идеја.“
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG