Достапни линкови

За уметникот Урош Вељковиќ...


Урош Вељковиќ
Урош Вељковиќ

Младиот уметник Урош Вељковиќ за циклусот слики „Разбудена бунтовност“ е добитник на наградата „Петар Мазев“. Тој е член на Арт институт, дружината која во изминатава година и половина со повеќе проекти ја растресе овдешната творечка сцена. Речиси една декада Вељковиќ е тапанар во хард-рок составот СТИЛ ТЕМПЛ.

Роден 1981 година, Урош Вељковиќ и припаѓа на групата млади македонски ликовни уметници кои на крилјата на сопственото творештво, полека но сигурно си отвора пат не само на домашната туку воопшто и на светската ликовна сцена. Графичар по наобразба, тој е добитник на наградата Петар Мазев на Друштвото на ликовните уметници на Македонија за сликарство за 2010 година за циклусот Разбудена бунтовност.
Овој циклус Вељковиќ го започна пред три години и како што самиот забележува ќе се обиде да го заокружи во текот на оваа или следната година, а за инспирацијата и пораките, за сопствената потреба да твори под овој наслов знае да каже:

„Јас сум човек што не сака политика, но се што се случува не само во Македонија туку и во цел свет, политички, социјално... ми пречи. Се што ми тежело го искажував преку тој циклус. Кога нешто мрачно ќе извадиш од себе, ќе ти речат ова е негативно, но токму спротивно, тоа е позитивно, бидејќи сум го извадил од себе и после тоа сум мирен човек.“
Се што се случува не само во Македонија туку и во цел свет, политички, социјално... ми пречи. Се што ми тежело го искажував преку тој циклус. Кога нешто мрачно ќе извадиш од себе, ќе ти речат ова е негативно, но токму спротивно, тоа е позитивно, бидејќи сум го извадил од себе и после тоа сум мирен човек.

Младиот уметник е член и на артистичката дружина Арт институт која не само што го облагороди просторот на некогашниот Графички завод во Скопје, туку со повеќе проекти во само година и половина докажа дека во градов и во земјата воопшто е возможно делувањето на една независна урбана сцена што може да ја анимира публиката од различна провиниенција.

„Арт институт почна како група на млади луѓе кои што сакаат да направат ликовна сцена која долго време ја немаше. Ние всушност одевме само со таа цел, а всушност постигнавме повеќе и мислиме да продолжиме со натамошните проекти.“

Урош, скоро цела една декада е и тапанар и еден од авторите на текстовите на песните на хард-рок составот СТИЛ ТЕМПЛ кој наскоро треба да го објави вториот албум, а за своето делување и како музичар тој со дополна.

„Има и таму некоја експресија што сакам да ја искажам, а што не е доискажана.“

Кон ова само уште информацијата дека младиот уметник досега сем во Македонија излагал на групни изложби во САД и во Кина, дека пролетва треба да има самостојна изложба најнапред во Скопје, а потем и во Белград, соседна Србија, а паралелно ќе го започне и својот нов циклус на слики насловен како Сите на дланка.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG