Дома се помалку разбран и подржуван, а надвор почитуван и наградуван. Ваква судбина дочека најголемиот ликовен педагог во Битола, 73-годишниот Коста Хаџиантоновски, идејниот творец на меѓународно познатата детска ликовна колонија Мал Битолски Монматр. И додека никој од општинските и државните претставници не го удостојуваат со присуство на манифестацијата, амбасадорите од странство му укажуваат голема чест. Францускиот амбасадор Жан Клод Шлумберже деновиве лично му го врачи медалот за високи достигнувања од областа на уметноста што му го доделува француското Министерство за култура.
„Тоа е мое најврвно достигнување. Воедно во 2004 година сум ја добил наградата на „Адмиралот на честа“ на градот Париз. Исто време наградата „Монмартр на Европа“. Ова се три награди од Франција за моите активности во организирањето на Малиот битолски Монмартр“, вели Хаџиантоновски.
Детското ликовно студио и колонијата ги создал пред триесетина години, кога се откажал од кариерата како уметник и целосно се посветил на едукација на млади ликовни таленти. Досега им помогнал на стотици деца да научат да сликаат. Организирал 29 изаднија на Монмартр, собрал на 500 000 детски цртежи од целиот свет, богатство со какво што можат да се пофалат само најпознатите светски галерии како што се оние во Лувр во Париз, Ермитаж во Санк Петерсбург и други. Подготвил три изложби за Гинис, а гостувал во Стокхолм, Букурешт и на трите олимпијади во Сиднеј, Атина и Пекинг. Хаџиантоновски, секој 24 мај во Битола, пречекува по 50-тина деца и ликовни педагози од целиот свет - учесници на Монмартр кои тука ја сликаат старата градска архитектура во Битола, Охрид и Крушево.
„Тука не обрзнуваме внимание дали имаме или немаме пари. Ние мораме фестивалот да го одржиме. Не смее да пропадне! 29 години перманентна работа кои јас сум му ги посветил на децата и јас сум пресреќен кога сите учесници ќе ми допатуваат во Битола“,вели Хаџиантоновски.
И додека го канат дури во Хонг Конг да отвора изложби и му ги покриваат трошоците, во Македонија маки мачи да собере средства за да ја одржи колонијата.
„Битола, тешко ми е да го кажам сега ова, три години градот не ни дал средства. Но, нека не се лажат, Малиот битолски Монмартр постои и ќе постои. Дали ќе биди Коста Хаџиaнтоновски или не, има млади сили кои работат перманентно заедно со мене“, вели Хаџиантоновски.
Тој од Битола создаде слика привалечна за луѓето од целиот свет. Цртежите кои ќе ги остави зад себе ќе претставуваат богаство за идните генерации. За жал се уште чува во импровизирани услови зашто нема средства за депо.
Тоа е мое најврвно достигнување. Воедно во 2004 година сум ја добил наградата на „Адмиралот на честа“ на градот Париз. Исто време наградата „Монмартр на Европа“. Ова се три награди од Франција за моите активности во организирањето на Малиот битолски Монмартр.
„Тоа е мое најврвно достигнување. Воедно во 2004 година сум ја добил наградата на „Адмиралот на честа“ на градот Париз. Исто време наградата „Монмартр на Европа“. Ова се три награди од Франција за моите активности во организирањето на Малиот битолски Монмартр“, вели Хаџиантоновски.
Детското ликовно студио и колонијата ги создал пред триесетина години, кога се откажал од кариерата како уметник и целосно се посветил на едукација на млади ликовни таленти. Досега им помогнал на стотици деца да научат да сликаат. Организирал 29 изаднија на Монмартр, собрал на 500 000 детски цртежи од целиот свет, богатство со какво што можат да се пофалат само најпознатите светски галерии како што се оние во Лувр во Париз, Ермитаж во Санк Петерсбург и други. Подготвил три изложби за Гинис, а гостувал во Стокхолм, Букурешт и на трите олимпијади во Сиднеј, Атина и Пекинг. Хаџиантоновски, секој 24 мај во Битола, пречекува по 50-тина деца и ликовни педагози од целиот свет - учесници на Монмартр кои тука ја сликаат старата градска архитектура во Битола, Охрид и Крушево.
„Тука не обрзнуваме внимание дали имаме или немаме пари. Ние мораме фестивалот да го одржиме. Не смее да пропадне! 29 години перманентна работа кои јас сум му ги посветил на децата и јас сум пресреќен кога сите учесници ќе ми допатуваат во Битола“,
Битола, тешко ми е да го кажам сега ова, три години градот не ни дал средства.