Секое општество има свои идоли, кои просветлуваат од мрачноста на толпата. Предметите на нашето внимание можат да бидат поинакви во различните културни контексти и дури и нашите во нив проектирани желби го дополнуваат нивното значење. Јан Брандес се занимава со трансформацијата на овој многустран феномен преку општествените промени во денешно време. Лајтмотивот на неговата работа е да ги внесува и спротивставува различните, стари и нови, форми на воодушевување. Набљудуваните сцени даваат мешавина на култура за забава, фетиш, помодарство, патриотизам, религија, секс и херојство...Ова ќе го запише Вибке Штадлер од НВО Контрапункт во пресрет на отворањето на изложбата Светење во темнината, која ќе се одржи во Отвореното графичко студио во Музеј на Град Скопје. Јан Брандес, роден 1977 година, живее и твори во Хамбург. Од 2005 година работи како уметник и самостоен фотограф. Во 2006 беше еден од победниците на фотографскиот натпревар за млади уметници организиран од Гете институтот во Минхен и Адам Мицкиевич – институтот во Варшава. Неговите дела досега биле претставени на повеќе изложби во Германија и во Источна Европа. Тежиштето на неговите фотографски есеи е во полето на општествено ангажираните теми. Во Светење во темнината Јан Брандес се занимава со феноменот на почитувањето.За оваа несекојдневна поставка и за творештвото на уметникот, Атанас Ботев – раководител на Отвореното графичко студио при Музеј на град Скопје, ќе рече:
,,После долго време се случува изложба на фотографии затоа што студиото ги третира сите медиуми како алтернативен простор, значи не е фиксно насочено кон класичните ликовни сцени, туку ги апсорбира и останатите медиуми. Навистина е чест што имаме можност скопската публика да се сретне со делата на Јан Брандес.“
Кон ова само уште информацијата љубителите на фотографијата и воопшто на ангажираната уметност оваа изложба, која како партнери ја подржуваат и Форум мировен сервис и фондацијата Конрад Аденауер, ќе можат да ја проследат до 15 април годинава.
Навистина е чест што имаме можност скопската публика да се сретне со делата на Јан Брандес.