Сликарот познат по афтентичните охридски мотиви,Охриѓанецот Славко Упевче кој слави 40 години од својата дејност, откако во 1969-та ја имал првата ликовна изложба во Охрид, јубилејот го одбележува со голема ретроспективна изложба во Центарот за култура, отворена во рамките на фестивалот Охридско лето. Упевче за себеси вели дека е хроничар на времето и дека неговите слики сведочат за дамнешни денови, но и за идентитетот на Охрид кој полека но сигурно исчезнува.
„Јас имам неколку циклуси на творештво. Едно време бев ангажиран да ги откријам тајните на сакралните објекти, црквите, манастирите и градбите на илјадавековините зданија кои опстојуваат во Охрид. Потоа друг еден циклус беше барањето на архитектурата во амбиентот на Охрид, тесните улички, надвиснати катови на куќите, за во еден друг период да се преориентирам само на прозорците како делови од тие куќи. Еден сегмент во моето творештво се истражувањата во Свети Наум, каде ја сликав природата, итоа само дрвјата и водата, без никаква човечка интервенција, без објекти и слично. Во последниот период го гледам Охрид во поголем формат, ги гледам неговите визури како панорама од повеќе агли, затоа што Охрид навистина е град кој плени со својата светлина и со менувањето на боите на езерото во секое годишно време. Мислам дека тој е еден од ретките градови кој нуди можности било што да се наслика и тоа навистина да биде убаво.“
вели академскиот сликар Упевче, кој учел од нашите познати сликари Јоне Симонче, Димитар Кондовски и Борка Лазевски. Тој работел во повеќе техники, но најомилен му е сувиот пастел. Упевче има нацртано стотици и стотици слики, кои живеат во домовите и институциите на Охриѓани, во земјава и на сите светски меридијани. Изложувал во Хрватска, Франција, Бугарија, САД, каде и го усовршувал сликарскиот занает. После четири децениска работа како ликовен уметник, Упевче им порачува на младите генерации сликари.
„Би им порачал сликарството да го почнат од "А" и да го завршат со "Ш". Сликарството е една наука, таа наука си има свои законитости и оној што се нафатил да слика, треба сепак да види во кое опкружување се наоѓа, какви се неговите можности и секако да се консултира со адекватни лица, педагози и сликари кои имаат искуство, за да не залута во водите на кичот.“
вели познатиот Охридскиот сликар Славко Упевче низ чии ликовни дела Охрид и неговите препознатливи вредности имаат вечен живот.
Би им порачал сликарството да го почнат од "А" и да го завршат со "Ш". Сликарството е една наука, таа наука си има свои законитости и оној што се нафатил да слика, треба сепак да види во кое опкружување се наоѓа, какви се неговите можности и секако да се консултира со адекватни лица, педагози и сликари кои имаат искуство, за да не залута во водите на кичот