Достапни линкови

Ликовна колонија „Куманово 2009“ во Пелинце


Академски сликари од балканските земји учествуваат на ликовната колонија Куманово 09 што се одржува во меѓународниот центар АСНОМ во Пелинце. Тие се импресионирани од убавините и очекуваат успешна работа.

Реката Пчиња,прекрасните раскошни дрвја,зеленилото и висостите над овој импресивен амбиент,како и неверојатно добрата организација на кумановскиот Музеј и Галеријата, се невообичаен склоп на околности кој создава несекојдневен амбиент за творење. Ова се главно впечатоците на 16-ина академски сликари од Македонија, Србија, Бугарија, Турција, Шведска и Аргентина, учесници на 33-то издание на Меѓународната ликовна колонија „Куманово 09“,ВО Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце.

Марија Ериксон од Шведска која создава скулптури од материјали пронајдени на мали или големи депонии и тоа на местото каде што твори, вели:

,,Прв пат сум во Македонија и на Балканот воопшто. Импресионирана сум и изненадена од средечноста на луѓето. Не е флоскула туку навистина тука луѓето често велат дека нема проблем."

,,Тие се непосредни и кога се интересираат за процесот на мојата работа и кога сакаат нешто да помогнат. Луѓето во Шведска имаат проблем со комуникацијата."

Академската сликарка Билур Водина од Турција пак по Струмица,Кичево и Крива Паланка,четврти пат е на колонија во Македонија.Таа добро го запознала нашиот народ и како што вели:

,,Многу ги сакам луѓето во Македонија.Оваа убавина на просторот е убавина за творење."

Кога се родила идејата и која потоа била преточена во макета скулпторката Мабел Бустос од Аргентина не ни сонувала дека местото каде што нејзината скулптура ќе биде поставена сосема ќе наликува на она од кое потекнува идејата.

,,Делото претставува роза-симбол на пролетта,а конечниот изглед на делото ќе биде откако околу постаментот повеќе посетители ќе засадат по една роза.На тој начин и тие интерактивно ќе учествуваат во неговото создавање."

И за Габриела Паригрос од Србија прекрасно е да се твори во група каква што е оваа,во амбиент и добра организација.

,,Впечатоците се феноменални од амбиентот.Реката која е непосредно покрај нас. Добро е за инспирација,за идеја и можности за запознавање со идеите и со работата на уметниците не само од балканските земји.Здрави услови за творење секако дека имаат свое влијание."

А Весна Антониќ од Србија пак за своите дела додава:

,,Ќе се потрудам да направам нешто позитивно и да ги разбудам позитивните емоции кај набљудувачот."

Делата создадени на оваа десетдневна Ликовна колонија „Куманово 2009“ пред љубителите на ликовната уметност ќе бидат презентирани во салонот на Галеријата во Куманово.

  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG