Во чест на одбележувањето на 1100 годишнината од упокојувањето на Свети Наум Охридски на зимскиот христијански празник посветен на светителот, чиј култ посебно се негува меѓу Охриѓани, познатиот Охридски академски сликар Славко Упевче во галеријата на музејот Робевци во Охрид отвори тематска изложба со 23 дела кои уметникот ги изработил во 40 годишното творештво исклучиво со мотиви на Свети Наум.
,,Преку неа сакав да доловам моменти од Свети Наум и мотиви кои речиси 40 години ги работам во различни техники. Со нив сакав да ја претставам убавината на Свети Наум, она што некогаш беше и што навистина овој локалитет заслужува да биде еден центар Сесловенски, каде што ќе бидат забележани природните убавини и мирот кој пред повеќе од 1.100 години Свети Наум го натерал да го изгради манастирот Свети Архангели, а подоцна да направи манастир во кој е и тој погребан. Пред се, ме привлекуваше чистотата на најголемите извори, каде реката Црн Дрим се влева во Охридското Езеро со најбистри води, за потоа да истече во Струга и амбиентот кој навистина за секој уметник е многу податен и инспиративен."
Вели уметникот Упевче, чија изложба што ќе е поставена до крајот на месецов е хронологија на слики работени во последните три децении од минатиот и првата декада од овој век.
,,Носечката слика на изложбата е изработена во 1991 година, пред 20 години кога ја отворив мојата галерија во Охрид, на која е претставен Свети Наум како во рацете го држи манастирот, а целата негова рефлексија се гледа во водите на изворите кои се таму. Има инеколку зимски пејсажи кои се работени во времето кога манастирот беше многу ретко посетуван, а јас редовно доаѓав во сите сезони, го маркирав и сликав не само манастирот, туку и неговата околина и амбиентот."
Појаснува Упевче, кој зад себе има повеќе од илјада слики, нацртани во пастел, акварел, молив и туш, на кои живее стариот автентичен лик на Охрид, како бунт на уметникот кон неговата деградација.
,,Главна преокупација ми е она што е убавото во Охрид, цветот што полека исчезнува пред нашите очи, кој порано имал свој белег, она што беше типично Охридско, со старите фасади, куќи, кога градот бил во подем кон крајот на 19-тиот век, кога бил економски и трговски силен центар, но Охрид имал и своја душа која полека се предава на новите огромни градби кои за жал преку цела година се празни и живеат само во лето. Мислам дека големата инвазија на луѓе кои би сакале да живеат во Охрид им пречи и се заканува на убавите нешта кои Охрид ги има но полека но сигурно ги губи, со што се обезличува. Во моите слики, опстојува носталгијата за изминатотот време, што за жал не се враќа, но би требало со еден осмилен проект на Охрид сепак да му се даде белег кој како и за манастирот Свети Наум ќе биде не само од локално и Републичко, туку и од светско значење и ќе привлекува луѓе од целиот свет."
Вели Славко Упевче, кој на прагот од седмата деценија од животот им порачува на ликовни уметници да црпат инспирација од убавините и светоста на локалитетот Свети Наум што е респектиран од сите нации и религии, а на младите да ги сакаат и чуваат убавите нешта и да ги негуваат трајните вредности што го облагородуваат животот.
Преку неа сакав да доловам моменти од Свети Наум и мотиви кои речиси 40 години ги работам во различни техники. Со нив сакав да ја претставам убавината на Свети Наум, она што некогаш беше и што навистина овој локалитет заслужува да биде еден центар Сесловенски
,,Преку неа сакав да доловам моменти од Свети Наум и мотиви кои речиси 40 години ги работам во различни техники. Со нив сакав да ја претставам убавината на Свети Наум, она што некогаш беше и што навистина овој локалитет заслужува да биде еден центар Сесловенски, каде што ќе бидат забележани природните убавини и мирот кој пред повеќе од 1.100 години Свети Наум го натерал да го изгради манастирот Свети Архангели, а подоцна да направи манастир во кој е и тој погребан. Пред се, ме привлекуваше чистотата на најголемите извори, каде реката Црн Дрим се влева во Охридското Езеро со најбистри води, за потоа да истече во Струга и амбиентот кој навистина за секој уметник е многу податен и инспиративен."
Вели уметникот Упевче, чија изложба што ќе е поставена до крајот на месецов е хронологија на слики работени во последните три децении од минатиот и првата декада од овој век.
,,Носечката слика на изложбата е изработена во 1991 година, пред 20 години кога ја отворив мојата галерија во Охрид, на која е претставен Свети Наум како во рацете го држи манастирот, а целата негова рефлексија се гледа во водите на изворите кои се таму. Има и
Носечката слика на изложбата е изработена во 1991 година, пред 20 години кога ја отворив мојата галерија во Охрид, на која е претставен Свети Наум како во рацете го држи манастирот, а целата негова рефлексија се гледа во водите на изворите кои се таму