CITY LAB PROJECT претставува серија од уметнички интервенциски тактики, чија основна цел е критичко редефинирање и преобликување на јавниот простор и архитектурата во градот, со можност за едукациско делување и трасирање на нови модели на интерактивност и партиципација со и во урбаната средина. За проектот кураторката Јованка Попова ќе забележи дека Градските лаборатории се хибридни, хиперактивни, мета-простори за културна индустрија, преку кои се овозможува фабрикување на нови видови на општествено-социјални и културни информации. Објаснувајќи, таа дополнува дека финалната цел е трансформација на реалниот во виртуелен простор, како и интервенциско критичко деконструирање и реконструирање на постоечките визуелни системи, со тенденција да се откријат поинакви видови на алтернативни реалности.
Инаку, зад проектот Скопје помеѓу наука и фантастика кој ќе се случува во Централното градско подрачје стои Друштвото на ликовни уметници на Македонија, а ќе се обистини во рамките на актуелното издание на културната манифестација Скопско лето.
„Ова е веќе пета година по ред како Друштвото на ликовни уметници во својата содржина го внесува и овој проект „Скопски урбани приказни“, сакајќи да во својот суштински концепт ги внесе и новите медиуми како што се новите концептуални проекции по однос на новите уметнички интервенциски тактики чија основна цел е критичкото редефинирање на јавниот простор и архитектурата во градот“, истакнува Тања Балач, претседателка на ДЛУМ.
Активностите ќе започнат во 11 часот со ликовниот уметник Александар Станковски и неговото дело Скопје помеѓу науката и фикцијата. Се работи за билборд што ќе биде поставен на раскрсницата на улицата Теодосиј Гологанов и булевар Климент Охридски што ќе можат да го видат сите минувачи во овој дел на Скопје.
Проектот ќе продолжи во 19 часот со перформансот насловен како Feelingblue на Атанас Ботев што ќе се случува пред Спомен домот на Мајка Тереза.
„Се работи за авторски дизајн на дигитален отпечаток и идејата ми е преку перформансот преку своевиден протест, значи тој однос помеѓу виртуелното и јавното да се проблематизира на тој начин што ја повикувам публиката преку една интервенциска тактика и практика да мапира, фотографира одредени архитектонски локации во градот“, дополнува Ботев.
Случувањата продолжуваат со Жанета Вангели и Епифанија – видео проекција на ЛЕД видео-дисплеј поставен на станбен објект непосредно до Собранието на Република Македонија и потоа со Зоран Поповски и Споменик: 1000 Александри – проекција и интервенција во јавен простор кај фонтана-споменикот на плоштад Македонија.
Следователно, на тревникот спроти споменикот на Ченто ќе се случи и перформансот на Борис Петровски именуван како Симулација на освојување на јавен простор, за да разбирливо проектот финишира во Безистен, во Старата скопска чаршија каде уметникот Александар Гроздановски на публиката ќе и ја претстави својата интерактивна видео инсталација City Texture Guide.