Достапни линкови

Изложба на Емил Шулајковски


Повеќе од 50 слики на Шулајковски се изложени во КИЦ
Повеќе од 50 слики на Шулајковски се изложени во КИЦ

„Во облаците“ е насловена новата самостојна изложба на академскиот сликар Емил Шулајковски, што ликовната публика до 28 мај ќе може да ја проследи во Културно информативниот центар во Скопје.

Сликите на Емил Шулајковски сведочат за треперењата на една немирна, копнежлива природа, чијштво врвен императив е убавината. Убавината како есенцијален творечки предизвик. Авторот се граба за убавина, наспроти и за инает на сивилото, грдоста, баналноста, градовноста и кафезноста на нашето современо, бучно, хаотично живеење.
Ова, меѓу другото, ќе го забележи Елизабета Шелева во текстот од каталогот посветен на новата, 18-та по ред, самостојна изложба на македонскиот ликовен уметник Емил Шулајковски насловена како Во облаците, што ликовната публика до крајот на овој месец, ќе може да ја проследи во салоните Империјал 1 и 2 на Културно информативниот центар во Скопје. Се работа за поставка на која се изложени 50 слики, масла на платно, создадени во последниве безмалку четири години.

„Значи како тема ја ставив бидејќи се појавуваат суштества кои живеат во
Значи како тема ја ставив бидејќи се појавуваат суштества кои живеат во облаците, односно птиците што не се претставени во некои реални објекти туку се како силуети, птици феникси, измислени, временски, вонвременски... Птици кои ги заменуваат всушност луѓето.
облаците, односно птиците што не се претставени во некои реални објекти туку се како силуети, птици феникси, измислени, временски, вонвременски... Птици кои ги заменуваат всушност луѓето“, вели уметникот.

Тој дополнува дека е многу задоволен од тоа како сликите биле примени од присутните на отворањето на изложбата што се случи изминатиов четврток.

Интересно е и тоа што дел од овие дела, во 2009 година, и беа претставени на ликовната публика во Силер сити и во Лексингтон, во Северна Каролина - во САД, и дека е во преговори наново да замине преку Атлатикот и циклусот „Во облаците“ да биде изложен во галериите во Чикаго и во Њујорк. Дотогаш, Шулајковски ќе има средби и со љубителите на уметноста во Хрватска и во Црна Гора, а за своите идни исчекори како уметник знае да забележи.

„Животното искуство е интересна работа. Свесно, несвесно се враќаш на некои работи и од детството, младоста и тој премин доаѓа сам по себе.“

Инаку, Емил Шулајковски дипломира на ФЛУ во Скопје во класата на професор Ана Темкова, постдипломските студии ги заврши кај Родољуб Анастасов, а член е на ДЛУМ од 1993 година. Досега има реализирано 17 самостојни изложби и учествувал на 70 групни поставки во земјава и во странство, а добитник е и на четири национални награди за своето творештво.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG