Достапни линкови

Златко Славенски со „Визија“


Златко Славенски.
Златко Славенски.

Визија е насловена претставата на режисерот Златко Славенски чија премиера ќе се случи в среда од 20 часот, во Планетариумот на Младинскиот културен центар во Скопје.

Визија, како мултимедијален камерен проект зад кој како режисер и драматург стои Златко Славенски, авторот што во изминативе неколку години ги потпиша Соларис, Супернова, Папокот на светот и Бесови, ќе се обиде да ги преиспита границите на театарот како медиум, едновремено градејќи специфичен и самосвоен начин на пренесување на емотивните состојби на ликот.
Театарот во оваа форма која постои навистина ги одбројува последните секунди. И во таа смисла сакам да дадам уште еден мој придонес за тоа како може театарската приказна да се раскаже не само низ различни медиуми, туку и како различен начин на мислење.
Златко Славенски, режисер.

„Театарот во оваа форма која постои навистина ги одбројува последните секунди. И во таа смисла сакам да дадам уште еден мој придонес за тоа како може театарската приказна да се раскаже не само низ различни медиуми, туку и како различен начин на мислење“, вели Славенски.
Актерката Арна Шијак.
Актерката Арна Шијак.

Toj вели дека во овој свој нов проект, низ трите доба на човечкиот живот – рана младост, средни години и старост, се обидува да долови која е суштината на она што можеме да го наречеме размислување за нас самите. Дали нашето битисување го влече случајноста или е тоа некоја судбинска предодредница. Според него тоа е прашањето што си го поставува човекот од дамнина до денес.

„Преку сопствениот пример. Моето прашање, моите драми за тоа дали сум пред се физичко битие или пред се мисловно битие. Јас се обидувам да го заинтригирам гледачот да си го постави тој прашањето за своето место во космосот“, вели Славенски.
Стадиумите кои што сакавме да ги постигнеме. Тоа е мојата задача една човечка душа да ја прикажам низ стадиум на дете. Стадиум на млад човек, кој што учи, поставува прашања и расте и стар зрел човек, кој веќе треба да се прости од животот и сите досегашни сознанија.
Арна Шијак, актерка.

Единствениот лик во проектот, ликот на Сонувачот го толкува актерката Арна Шијак. Таа вели дека знаејќи го Славенски како размислува и кои му се прашањата што ги поставува низа години наназад знаела со каква задача ќе се соочи – чудата на животот.

„Стадиумите кои што сакавме да ги постигнеме. Тоа е мојата задача една човечка душа да ја прикажам низ стадиум на дете. Стадиум на млад човек, кој што учи, поставува прашања и расте и стар зрел човек, кој веќе треба да се прости од животот и сите досегашни сознанија. За да биде поинтересно сето ова решивме да го воведеме и танцовиот јазик како лексика со тоа што имаме уште еден фантастичен соработник. Тоа е младиот кореограф Леонина Корнети Пекевска и можам да кажам дека сум многу среќна во овој мини мега проект да биде еден оригинален, автентичен, а сепак препознатлив јазик“, вели Шијак.

Инаку, претставата која е работена во продукција на Сектор филм со сесрдна помош на Министерството за култура и за која видео материјалите ги изработи Милчо Узунов од 3Д – Прокет студио, засега ќе се игра за 50-тина посетители во Планетариумот на МКЦ, но авторот не ја исклучува можноста поради универзалноста на мислата таа да биде прикажувана и под отворено небо или во било кои други алтернативни простори.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG