Парите се отепувачка како постмодернистичка претстава што ја потпишуваат режисерот Бојан Трифуновски и актерската екипа е комплетен проект на Македонскиот народен театар и обид да се пополни една празнина во репертоарот на нашата национална институција.
Од таму, не чуди што Дејан Пројковски, уметничкиот директор на МНТ, вели дека:
„Ова е една престава, која што тргнувајќи од нашата битова драма и од нашите слики кои се дел од нашата колективна меморија, создава еден современ сценски јазик.“
Авторот на надритекстот и режисер Трифуновски, пак, истакнува дека Парите се отепувачка е претстава која се базира на истражувањето на врските помеѓу свесното и потсвесното, пиеса која што размислува на глас за потребата да се дефинира идентитетот, оној личниот и граѓанскиоткако последица на вековите кои што минуваат.
„Тоа е престава која требало да биде знаме забодено сериозно длабоко во суштината да се разоткрие потребата за коегзистенција на вековите кај нас. Кога велам кај нас, мислам на нашето поднебје во кое живееме а исто така мислам на театарот како најстарата, најживата и најеластичната уметност од сите.“
Тој дополнува дека се работи за проект во кој тие, врз основа на текстот на Ристо Крле, сакале да раскажат една приказна за една генерација која што се обидува да комуницира со духови. Духови кои, како што вели Трифуновски, за нас се важни, кои што не насочуваат и ни помагаат да се самодефинираме бидејќи денеска живееме во време во кое од корпусот на информации со кои е бомбардирана нашата свест многу е тешко да се одвои она што е важно, а што не.
Гораст Цветковски, како еден од четирите актери кои играат во оваа надридрама, на шега забележува дека тие во битовото го барале психолошкото а во психолошкото потем го внеле битовиот момент, а Софија Насевска дополнува дека низ еден друг тип на глума кој што се случува денес во театарот посегнале по една секогаш актуелна и важна тема – парите.
„Да покажема како парите кога ќе станата доминантни знаат да уништат некој човечки живот. Ние се занимаваме со тоа, и сакаме да видиме како тие животи можат да се склопат назад.“
Сценографијата и костимите во Парите се отепувачка се на Мери Георгиевска, видеото на Дарко Младеновски, а за музиката на КАНТОН 6 режисерот знае да каже дека нивната звуковност помага за точен емотивен потпис на оваа претстава.
Инаку, дел од ансамблот на МНТ, со Свадбата на Фигаро во режија на Леван Цуладзе, на 6 и 7 декември ќе гостува во Тбилиси во Грузија, со што продолжува меѓународната активност на оваа наша национална установа.
Тоа е престава која требало да биде знаме забодено сериозно длабоко во суштината да се разоткрие потребата за коегзистенција на вековите кај нас.Бојан Трифуновски, режисер.
„Ова е една престава, која што тргнувајќи од нашата битова драма и од нашите слики кои се дел од нашата колективна меморија, создава еден современ сценски јазик.“
Авторот на надритекстот и режисер Трифуновски, пак, истакнува дека Парите се отепувачка е претстава која се базира на истражувањето на врските помеѓу свесното и потсвесното, пиеса која што размислува на глас за потребата да се дефинира идентитетот, оној личниот и граѓанскиоткако последица на вековите кои што минуваат.
„Тоа е престава која требало да биде знаме забодено сериозно длабоко во суштината да се разоткрие потребата за коегзистенција на вековите кај нас. Кога велам кај нас, мислам на нашето поднебје во кое живееме а исто така мислам на театарот како најстарата, најживата и најеластичната уметност од сите.“
Тој дополнува дека се работи за проект во кој тие, врз основа на текстот на Ристо Крле, сакале да раскажат една приказна за една генерација која што се обидува да комуницира со духови. Духови кои, како што вели Трифуновски, за нас се важни, кои што не насочуваат и ни помагаат да се самодефинираме бидејќи денеска живееме во време во кое од корпусот на информации со кои е бомбардирана нашата свест многу е тешко да се одвои она што е важно, а што не.
Да покажема како парите кога ќе станата доминантни знаат да уништат некој човечки живот. Ние се занимаваме со тоа, и сакаме да видиме како тие животи можат да се склопат назад.Софија Насевска, актерка.