Претставата Калигула по текст од Албер Ками, а во режија на Зоја Бузалкова е најновиот проект на прилепскиот театар, кој што очигледно е преамбициозен за условите во кои се работи. Без парно греење, со екстремно низок буџет колку за една камерна драма како што велат и актерите и режисерот, сепак нивниот професионализам не запира, зашто барем вака најавтентично ќе го доловат „Калигула“ кој ја третира личната борба на човекот, преку една отворена пресметка со материјалното, своеволието, во времиња, како што вели Бузалкова, кога речиси секаде во светот во името на хуманоста, се постапува крајно нехумано, а целта е профит и личен интерес.
Таа по 2,5-месечната подготовка на овој проект од Прилеп упатува порака до Министерството за култура.
„Министерството за култура конечно треба да си ги ревидира сопствените ставови во однос на тоа кого, колку буџетира. Не може да се финансираат проектите и театрите по инерција, затоа што се викаат со звучни имиња или затоа што во минатато биле релевантни, важни театри. Треба да се препознае миг кога одреден театар на некаков начин го презема приматот на театарските средини, не само во Македонија, туку и во меѓународни рамки“, категорична е Бузалкова.
Таа реагира на условите во кои се работи, во студ по 10-ина часа дневно.
„Буџетот со кој што ние ја работиме оваа претстава е мизерен. И мислам дека со такво чувство тргнавме, мислам му благодарам на Министерството за култура, затоа што Калигула може да се направи само во такви услови, онака како што ние сакавме да го направиме“, додава Бузалкова.
Со исти видувања е и раководителот на театарот Стојан Дамчески. Тој се надева дека ресорното министерство ќе ја согледа ситуацијата и дека барем следната година ќе биде подобро, па квалитетните претстави за кои прилепскиот ансамбл очиглено добива и меѓународни признанија ќе добијаат и содветен буџет, како адекватна сатисфакција на актерите и квалитетните режисери со авангарди идеи и визии.
„Актерите на прилепскиот театар немаат ниту време да синхронизираат турски серии, ниту да снимаат филмови, ниту да снимаат реклами. Тие се исклучиво посветени на театарската работа. Тоа е за жал нивниот хендикеп што живеат и работат во овој град“, вели Дамчески.
Тој сепак подвлекува дека главно вината што работат вакви квалитетни проекти не е во Министерството, туку во ентузијазмот на актерите, пред се млади луѓе кои не се штедат да работат во лоши услови.
„Со тие пари ќе си направиме една камерна претстава и ќе си бидеме сите раат и нема да работиме тука без парно, тука ладно, по 12, по 14 часа, ќе викнеме друг режисер нема да ја викнеме Зоја, затоа што Зоја е нели еден од режисерите со цврста рака“, истакнува Дамчески.
Но, Тони Чатлески, директор на центарот за култура Марко Цепенков во чии рамки функционира театарот, смета дека условите во оваа театарска куќа се многу подобри во споредба со периодот пред 5-6 години, зашто извршена е реконструкција на објектот, остварени се бројни вработувања на млади актери, а како што вели Министерството секогаш има слух за нивните проблеми.
Не може да се финансираат проектите и театрите по инерција, затоа што се викаат со звучни имиња или затоа што во минатато биле релевантни, важни театри.Зоја Бузалкова, режисер.
Таа по 2,5-месечната подготовка на овој проект од Прилеп упатува порака до Министерството за култура.
„Министерството за култура конечно треба да си ги ревидира сопствените ставови во однос на тоа кого, колку буџетира. Не може да се финансираат проектите и театрите по инерција, затоа што се викаат со звучни имиња или затоа што во минатато биле релевантни, важни театри. Треба да се препознае миг кога одреден театар на некаков начин го презема приматот на театарските средини, не само во Македонија, туку и во меѓународни рамки“, категорична е Бузалкова.
Со тие пари ќе си направиме една камерна претстава и ќе си бидеме сите раат и нема да работиме тука без парно, тука ладно, по 12, по 14 часа, ќе викнеме друг режисер нема да ја викнеме Зоја, затоа што Зоја е нели еден од режисерите со цврста рака.Стојан Дамчески, раководител на Прилепскиот театар.