Достапни линкови

Подготовки за „Војдан Чернодрински“


МНТ ќе ја изведе претставата „Бесови“ од Достоевски, во режиија на Златко Славенски. Актерите Владо Јовановски и Ѓорѓи Јолевски во претставата Бесови.
МНТ ќе ја изведе претставата „Бесови“ од Достоевски, во режиија на Златко Славенски. Актерите Владо Јовановски и Ѓорѓи Јолевски во претставата Бесови.

Единаесет претстави во официјалната и седум во придружната програма ќе бидат понудени на овогодинешниот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Единаесет претстави во официјална и 7 проекти во придружната програма е понудата на годинешното 46-то издание на македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, што традиционално се одржува во Прилеп, но годинава поради изборите со пролонгиран почеток, на 10 јуни.

Завесата ќе ја крене шекспировиот „Хамлет“, во изведба на Драмски, театар, кој во официјална конкуренција ќе учествува уште со еден проект, „Геноцид -21“ од Љубиша Георгиевски, во режија на Владлен Александров.

Македонскиот народен театар ќе ја изведе претставата „Бесови“ од Достоевски, со режисерска визура на Златко Славенски. Битолскиот театар ќе учествува со драмата „Обична приказна“ од Марина Ладо, во режија на Љупчо Ѓорѓиевски, а велешкиот со „Нора“ од Ибзен во режија на Никола Ристов.

Драмскиот театар се претстави со „Хамлет“ и на Охридско Лето

„Женски оркестар“ од Жан Ануи, во режија на Наташа Поплавска е проектот со кој во официјална конкуренција за престижните награди ќе се натпреварува албанскиот театар. „Арапска ноќ„ од Шимилсд-синг во режија на Слободан Унковски е проект на турскиот театар, а „Силвија од Гурнеј“, во режија на Драгана Милошевска на кумановскиот театар.

Ансамблот на театарот на градот домаќин ќе ја изведе претставата „Антица“ од Ристо Крле, во режија на Бранко Брезовец. „Вистинскиот
Задоволен сум што театрите се завземаат и се повеќе прават добри претстави и се повеќе се занимаваат со доста значајни драмски содржини и добра продукција има.
Минхаузен“ од Григориј Горин, во режија на Ненад Витанов е претставата на струмичкиот, а „Разговор со Спиноза“ од Гоце Смилевски во режисерско видување на Зоја Бузалкова е претставата на битолскиот Мал драмскиот театар.

,,Имаме изложба, ќе имаме симпозиум за опусот на Војдан Чернодрински, зашто 60 години од неговото упокојување ќе одбележиме. Задоволен сум што театрите се завземаат и се повеќе прават добри претстави и се повеќе се занимаваат со доста значајни драмски содржини и добра продукција има. Осумнаесет претстави, тоа е сепак нешто што треба да се гледа со радост“, изјави Петар Темелкоски, уметнички директор на фестивалот.

Уметничкиот директор на фестивалот „Војдан Чернодрински“, актерот Петар Темелкоски.

Во рамки на придружната програма, штипскиот театар ќе ја изведе претставата „Свекрва“, а охридскиот театар „Среќни денови“ од Семјуел Бекет. Ќе бидат изведени три дипломски претстави на Факултетот за драмски уметности, а театарот „Скрб и утеха“ ќе настапи со свој проект.

„И оваа година сме малку и радосни што ќе ни дојдат гости, културно-уметничкото друштво „Глигор Прличев“ од Австралија со театарска претстава од Сиднеј.“

Годинешни лауреати на наградите за животно дело се: режисерот од Драмски театар Коле Ангеловски и двајцата актери на прилепскиот театар, Благоја Спиркоски и Трајче Иваноски.
Имаме изложба, ќе имаме симпозиум за опусот на Војдан Чернодрински, зашто 60 години од неговото упокојување ќе одбележиме.

А, во чест на патронот на фестивалот „Војдан Чернодрински“, во година кога се навршуваат 6 децении од неговата смрт, ќе бидат одржани повеќе настани.

„Имаме изложба, ќе имаме симпозиум за опусот на Војдан Чернодрински, зашто 60 години од неговото упокојување ќе одбележиме. Поканивме доста театролози што се заминаваат со опусот на Војдан Чернодрински и се надевам дека симпозумот ќе ни биде многу богат. Ги замоливме колегите од направиле претстави по делата на Чернодрински, да ни испратат материјали, ќе издадеме подоцна една брошура“, истакна уметничкиот директор Темелкоски.

Подготовките за фестивалот се во тек, за кусо време ќе биде формирана и жири комисија која ќе одлучува за квалитетот на сите аспекти на 11 претстави кои ќе има можност да ги следи прилепската публика, која низ овие 4,5 децении фестивалски живот има изострен критериум за оваа уметност.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG