Никола Димушевски, композитор, аранжер и инструменталист, еден од преостанатите двајца оригинални членови на легендарната македонска група ЛЕБ И СОЛ, го стокми својот нов авторски проект. Насловено како Бои и бои, ова аудио-визуелно дело кое ќе биде изведено во киното Фросина, во Младинскиот културен центар, е работено под силна инспирација од сликите и во директна комуникација со Алиса Раѓеновиќ, ликовна уметница од Њујорк.
„Јас тоа го нареков еден авторески круг, каде што не се знае кој кого инспирирал прв и не е ни битно. Се работи за слики во масло одАлиса и кога ги видов на интернет, јас направив некоја музика бидејќи ме инспирираа сликите и и ја испратив по маил. Музиката неa ја инспирира за да наслика уште 100-тина такви слики во мал формат, јас направив музика од некаде 140 минути за камерен оркестар, за соло пијано, за електронски инструменти и за електронско и класично чело.“
Иако, беше планирано концертот да биде изведен во придружба на членовите на Гудачкиот оркестар, поради нивната презафатеност, на сцената покрај Димушевски кој ќе биде задолжен за бројните електронски помагала со дирки, кои како што самиот забележува, ќе бидат во функција да звучат аналогно, ќе биде и неговата гостинка виолончелистката Тамара Савиќ од соседна Србија. Со неа тој соработуваше и на претходниот авторски проект Календар кој по изведбите на летните фестивали во Македонија и онаа во Нови Сад и беше претставен на публиката во земјите од регионов и средна Европа. За остварената интеракција со Савиќ, Димушевски со дополна.
„Се создаде повторно некаква заедничка инспирација и кога и се јавив да биде гостин на овој концерт, долета од Брисел и ќе свириме. Се надевам дека оние што ќе дојдат на овој концерт ќе им бидат убави и магични 40 минути.“
И Бои и бои, проектот што ќе биде изведен во рамките на актуелните Денови на македонска музика 2010, авторот планира да го документира, а околу натамошната судбина на снимениот материјал и воопшто готовото дело Димушевски ги остава сите опции отворени.
„Ако вреди и ако е убаво напишано, со чиста душа и мисла, делото ќе живее вон желбите на авторот.“
Инаку, наспроти овој некомерцијален проект, Никола Димушевски со ЛЕБ И СОЛ го очекуваат и промоцијата на двете нови песни и продолжувањето на балканската клупска турнеја во рамките на која на 8 април ќе настапат во родното Скопје.
„Јас тоа го нареков еден авторески круг, каде што не се знае кој кого инспирирал прв и не е ни битно. Се работи за слики во масло од
Се создаде повторно некаква заедничка инспирација и кога и се јавив да биде гостин на овој концерт, долета од Брисел и ќе свириме. Се надевам дека оние што ќе дојдат на овој концерт ќе им бидат убави и магични 40 минути.