Достапни линкови

Кумановско културно лето


Куманово
Куманово

По повеќе од една деценија, започна манифестацијата Кумановско културно лето. Манифестацијата беше отворена со концерт на групата ,,Леб и сол". Манифестацијата по долги години ја обновува локалната самоуправа.

Во Куманово по повеќе од една деценија започна манифестацијата Кумановско културно лето. Стартот го одбележа бендот „Леб и сол“, а за граѓаните кои летово ќе го поминат во својот град културно-забавната манифестација долгите летни вечери ќе им ги направи посодржајни. Токму затоа младите кумановци ќе се забавуваат онака како што тоа го прават нивните врсници во поголемите градови, а повозрасните пак ќе се потсетат на некогашното „Ку-ку-ле“, како што своевремено го нарекуваа и со задоволство ги посетуваа сите културно забавни настани. Овогодишната манифестација за која повеќето се надеваат дека ќе стане традиционална ја организира локалната смаоуправа,без многу средства бидејќи настаните ќе се одвиваат на отворено,на двата градски плоштади и поранешната кино бавча. Можно е да бидат опфатени и други простори какви што во Куманово не недостасуваат. За почетокот на манифестацијата и за настапот на Леб и сол градоначалникот Зоран Дамјановски вели:
Куманово последниве години во летниот период беше мртов град на културен план.Со ова сакавме да се случува нешто ново, Куманово да живее и да има случувања на културен и уметнички план и во летниот период


,,Не би било тоа, тоа, ако не почневме со најдоброто, а тоа е најдобриот бенд во Македонија на сите времиња.Она што ја одбележа Македонија во музиката е групата „Леб и сол“."

Бодан Арсовски за настапот на неговиот бенд во Куманово забележува:

,,Баш ми е драго што ние го отворивме Кумановско културно лето.Јас сум стар кумановец и навистина ми е драго што после толку време гостуваме во Куманово.Само што се вративме од турнеја во Канада и ова е наш прв концерт на европско тло."

Зошто Ку-ку-ле по долга пауза и која е интенцијата на локалната самоуправа, Мартин Костовски вели:

,,Куманово последниве години во летниот период беше мртов град на културен план.Со ова сакавме да се случува нешто ново, Куманово да живее и да има случувања на културен и уметнички план и во летниот период.,,
"
Тоа е пандан на Скопско и Охридско културно лето, оти така приличи на секој поголем град на Балканот,па и во Македонија.
За финансирањето Костовски додава:

,,Со скромни средства, со квалитетна програма се потрудивме да ги привлечеме граѓаните на Куманово да останат во градот,да ги посетуваат манифестациите и да се опуштат во летниот период."
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG