По проекциите во Берлин, Франкфурт, Загреб и во Њујорк, реставрираниот нем научнофантастичен филм Метрополис на Фриц Ланг, на 27 октомври - Светскиот ден за заштита на аудиовизуелното наследство, директно од филмска лента ќе го види и македонската публика. Во реализацијата на овој голем проект се вклучи и Македонската филхармонија која под диригентство на Хелмут Имиг ќе го озвучи ова класично дело на германската кинематографија. Организатор на ваквото
несекојдневно аудио-визуелно доживување е Кинотеката на Македонија во соработка со Гете институтот од Скопје.
„Ова ќе биде навистина многу значаен настан за сите љубители на филмската уметност, значаен од аспект што за прв пат во Македонија организираме една ваква филмска проекција каде што проекцијата на филмот Метрополис ќе биде заедно со музичката изведба на македонската филхармонија“, вели Мими Ѓорѓоска Илиевска, директорка на Кинотека на Македонија.
Таа дополнува дека по овој проект ќе следува недела на дружба со класиците на филмската магија и дека немите филмови што ќе бидат прикажани ќе бидат со музичка придружба на македонските уметници, професорот Драган Даутовски и пијанистот Бојан Маротов.
Томас Дикхаус, првиот човек на Гете институт, од своја страна, говорејќи за значението на „Метрополис“ ќе забележи дека делото е првиот филм впишан во Регистерот на меморијата на светот на УНЕСКО, дека целосната верзија е пронајдена пред три години во Буенос Аирес, во Аргентина и дека тој извршил огромно влијание врз творештвото на мнозина уметници од Ридли Скот, преку Мадона до групата КРАФТВЕРК
и авторите на манга стрипови.
„Аудиовизуелното наследство е дел од нашето колективно сеќавање и од културата и културната историја на Европа.“
Македонската филхармонија преку циклусот СЛУШАЈТЕ ФИЛМ и досега изведувала филмска музика, но овој проект како што забележува Маја Чаначевиќ за нив ќе биде навистина голем предизвик.
„Оркестарот е одлично подготвен иако се соочија навистина со една тешка партитура, немаше многу препреки, меѓутоа самата должина си го прави своето, значи е исклучително напорна партитура, особено за дувачкиот дел од оркестарот каде што имаат постојано за свирење, гудачите свират без престан 140 минути, а тоа е навистина голем напор.“
Кон ова само уште информацијата дека со Македоската филхармонија ќе диригира Хелмут Имиг од Германија, кој имал можност да раководи со оркестар и при изведбата на оригиналната партитура на Голфрид Хуперц и на реставрираната на Франк Штробел.
За прв пат во Македонија организираме една ваква филмска проекција каде што проекцијата на филмот Метрополис ќе биде заедно со музичката изведба на македонската филхармонија.Мими Ѓорѓоска Илиевска, директор на Кинотека на Македонија.
несекојдневно аудио-визуелно доживување е Кинотеката на Македонија во соработка со Гете институтот од Скопје.
„Ова ќе биде навистина многу значаен настан за сите љубители на филмската уметност, значаен од аспект што за прв пат во Македонија организираме една ваква филмска проекција каде што проекцијата на филмот Метрополис ќе биде заедно со музичката изведба на македонската филхармонија“, вели Мими Ѓорѓоска Илиевска, директорка на Кинотека на Македонија.
Таа дополнува дека по овој проект ќе следува недела на дружба со класиците на филмската магија и дека немите филмови што ќе бидат прикажани ќе бидат со музичка придружба на македонските уметници, професорот Драган Даутовски и пијанистот Бојан Маротов.
Томас Дикхаус, првиот човек на Гете институт, од своја страна, говорејќи за значението на „Метрополис“ ќе забележи дека делото е првиот филм впишан во Регистерот на меморијата на светот на УНЕСКО, дека целосната верзија е пронајдена пред три години во Буенос Аирес, во Аргентина и дека тој извршил огромно влијание врз творештвото на мнозина уметници од Ридли Скот, преку Мадона до групата КРАФТВЕРК
Оркестарот е одлично подготвен иако се соочија навистина со една тешка партитура, немаше многу препреки, меѓутоа самата должина си го прави своето, значи е исклучително напорна партитура.Маја Чаначевиќ, директор на Македонската филхармонија.