Љубителите на убавата музика од земјава и бројните гости кои претпочитаат висок творечки чин и во своите најдлабоки мечти веројатно не можеа да си пожелат само во две ноќи толку возбуда во несекојдневен амбиент. А, токму тоа им се случи на само неколку стотина метри под Самоиловата тврдина во Охрид, каде Античкиот театар наново се престори во храм на уметноста на чија сцена продефилираа најнапред гитарскиот великан Влатко Стефановски и виолинистот од светски формат и некогашното „чудо од дете“ Стефан Миленковиќ, а потоа и Дуке Бојаџиев кој по спектакуларниот настап во њујоршкиот „Карнеги хол“ на 16 април годинава реши и на македонската публика токму за Илинден да и го претстави својот концерт за пијано и оркестар насловен Љубовта е патот. И, притоа она што е особено важно за обата перформанси е фактот што уметниците, секој на свој начин, со длабока почит и се обраќаат на традицијата и на македонскиот музички јазик и неговата жива потреба да комуницира со глобалната звуковност.
Инаку, ова беше четвртиот од серијата концерти на Стефановски и
Миленковиќ триумфално започната на крајот на минатата година во белградскиот Сава центар. Од таму, она што веројатно првично беше замислено како ексклузивен проект на овие музичари кои досега многупати се докажале во своите области, едниот како гитарист во една од најзначајните современи балкански групи „Леб и сол“ и инструменталист зад кого се соработките со творци како Мирослав Тадиќ, Теодосиј Спасов и Јан Акерман, а другиот како репродуктивен уметник и артист на УНЕСКО кој настапувал со великани како диригентот Јехуди Мењухин или светски познатиот тенор Пласидо Доминго, сега се трансформира во соработка во која обајцата на задоволство на публиката влегуваат со невидена страст и која во иднина, освен со преполните распореди за музицирања по светот, со ништо друго и не може да биде условена.
Тие едноставно својата сторија ја базираат на потрагата по барањето на нитката која упатува на умотворините на народниот гениј низ времето независно дали тој и припаѓа на класиката, традиционалната или модерната музика. Во таквите настојби за фузија исчекоруваат едно скалило погоре дозволувајќи си како големи мајстори на занаетот низ чинот на импровизација само да ја потенцираат сопствената потреба за слободно исчекорување во творештвото онака како што самите го поимаат.
Од друга страна, Дуке Бојаџиев, инаку еден од најзначајните современи македонски композитори кој живее и работи во САД, понуди длабоко емотивен концепт во кој се испреплетуваат музиката и поезијата. Со портфолио во кое се неговите седум албумски објави, музиките за филмовите на Манчевски, Трајков, Тановиќ и Панов, соработки на бројни театарски проекти, телевизиски серии и имиња како Синди Лопер, „Блу мен груп“, „Телепоп мјузик“ и други, тој овојпат со „Љубовта е патот“ се искачува неколку скалила погоре претставувајќи повеќеслоен проект што едноставно освојува. Што извира длабоко од неговото авторско битие, ги има сите кодови на музиката од неговите гени и со леснотија комуницира со сите оние кои сакаат да проникнат во неговата универзална порака. Оти се почнува и завршува со љубовта општочовечка.
Ете затоа, толку органски прозвучуваат стиховите на големиот Џелаледин Мевљана Руми или нашите Петре М. Андреевски и Константин Миладинов говорени во случајов од Иан Баханан и Верица Недевска. И кога згора на тоа од инструментите ќе потечат мотивите од „Јовано, Јованке“, „Калеш Анѓа“ ... од авторската музика на Бојаџиев кој во солистите како Ара Динкијан на уд, кларинетистите Исмаил Лумановски и Васко Дуковски, перкусионистите Матијас Кунзил и Александар Петров и над се Камерниот оркестар на Македонската филхармонија под диригентство на Саша Николовски Ѓумар наоѓа идеални соработници, тогаш е сосема јасно дека сте присуствувале на незаборавен творечки чин што силно ја враќа вербата во убавото во ова време на изместени вредности.