Достапни линкови

Стефановски и Миленковиќ на Охридско лето


Влатко Стефановски и Стефан Миленковиќ.
Влатко Стефановски и Стефан Миленковиќ.

Вечерва на Охридско лето концерт на музичките виртуози, македонскиот гитарист Влатко Стефановски и српскиот виолинист Стефан Миленковиќ.

Заедничкиот специфичен концерт на виртуозите на гитара, македонската и интернационална рок-легенда, Влатко Стефановски, и исклучително талентираниот српски виолонист од светска класа, Стефан Миленковиќ,
Се работи за една прилично слободна комуникација меѓу петтмина музичари, затоа што концертот е со гостин на клавијатури, Васил Хаџиманов, Македонец по потекло од Белград, извонреден релативно млад џез-музичар.
кој музицира од петгодишна возраст, преку уникатен музички спој на класичната и рок-музиката со теми од македонската, традиционалната балканска музика и дела на класиците Дебиси, Моцарт, Дворжак и други, во античкиот театар во Охрид е ретко музичко доживување со спектакуларен концерт кој минатата сезона три пати го наполни Сава центарот во Белград и кој ја воодушеви публиката, кој кај нас го одбележува средината на фестивалот „Охридско лето“, во предвечерјето на празникот Илинден, како посебно примамлива културна понуда за домашните музички сладокусци и туристите кои во голем број ги има во Охрид во шпицот на сезоната.

Влатко Стефановски и Стефан Миленковиќ.

„Стефан за прв пат исчекорува во една погласна фјужн варијанта, а дека и ние исто за прв пат исчекоруваме во нешто што се вика класична или програмска музика, но прилично слободно ја земаме и ја свириме и ја импровизираме. Така што, се работи за една прилично слободна комуникација меѓу петтмина музичари, затоа што концертот е со гостин на клавијатури, Васил Хаџиманов, Македонец по потекло од Белград, извонреден релативно млад џез-музичар, така што нашата комуникација навистина е прилично импресивна“, вели познатиот гитарист Влатко Стефановски, поранешниот лидер на „Леб и сол“.

Инаку, во музичкиот дел на првата половина од летото, по премиерниот мултимедијален концерт на отворањето со Трилогија Романа, печат оставија необичниот импресивен шоу виолинист Најџел Кенеди со класично-џез музичката програма и изведбата на македонски песни,
Она што посебно сакам да го најавам е големиот оперски спектакл на четврти август на денот роденден на фестивалот, нешто што не треба да се пропушти.

светски познатите, кларинетистот Чарлс Најдих и гитаристот Едоардо Катемарио.

„Она што посебно сакам да го најавам е големиот оперски спектакл на четврти август на денот роденден на фестивалот, нешто што не треба да се пропушти. Ни доаѓаат осум тенори од Русија, кои ќе настапат со многу атрактивна програма за сечиј вкус, бисери од оперската литература заедно со оркестарот на Македонската опера и балет“, вели музичкиот селектор на „Охридско лето“, Гордана Јосифова-Неделковска.

Таа потенцира дека во 25-те музички настани на 51 издание на фестивалот со учесници од над 15 земји во светот, доминираат странските, но значаен дел е отстапен и на домашните уметници.

Основниот програмски стожер на фестивалот е класичната музика, а трендовски шмек му даваат атрактивните современи проекти, кои се одраз на новото време.
XS
SM
MD
LG