Достапни линкови

Време на игри и соништа - „крик“ за аматерскиот филм


Илустрација.
Илустрација.

Време на игри и соништа или Аматерскиот филм во Македонија од 1935 до 2011 година е книга на Илинденка Петрушева, филмски критичар и публицист.

Во неделата која за љубителите на седмата уметност кај нас започна со премиерата на Образ краткиот игран филм на Стефан Сидовски, ќе се случи и промоцијата на книгата Време на игри и соништа со поднаслов Аматерскиот филм во Македонија од 1935 до 2011 година на филмската критичарка и публицистка Илинденка Петрушева. Се работи за обемно дело во кое таа прави исцрпна анализа на овој вид творештво притоа приложувајќи и филмографија со 1835 единици.
Оваа книга е да кажеме еден вид крик да се обрне внимание во оваа наша земја на целата таа армија луѓе коиштио целиот свој живот го посветиле покрај основната професија на својата голема љубов и сон-аматеркиот филм.
Илинденка Петрушева,филмски критичар и публицист

„Оваа книга е да кажеме еден вид крик да се обрне внимание во оваа наша земја на целата таа армија луѓе коиштио целиот свој живот го посветиле покрај основната професија на својата голема љубов и сон-аматеркиот филм.“

Родена 1944 година, Петрушева со филмска критика се занимава од почетокот на 70-те години на минатиот век објавувајќи рецензии и есеи во Филм-фокус, Вечер, Културен живот, Денес и во други домашни и странски списанија. Во повеќе мандати била претседател на Кино-сојузот на Македонија, а во периодот 1977-1979 е Генерален секретар на Сојузот на филмските критичари на поранешна
Илинденка Петрушева
Илинденка Петрушева
Југославија.

Таа е еден од иницијаторите за востановување на Фестивалот на филмската камера во Битола, а во 1974 година стана еден од основачите на Кинотеката на Македонија.
Автор е на книгите Филмолошка библиографија 1944-1954, Филмографија на македонскиот аматерски филм 1935-2000 и Сонце на дирек - мали приказни за македонските филмски сонувачи. Соработувала на историографските проекти како Кинематографијата во Македонија и други, а денес е филмолог-советник и главен и одговорен уредник на списанието Кинопис.

Инаку, во пресрет на промоцијата во Кинотека на Македонија ќе се обистини и одбележувањето на еден значаен јубилеј – 30 години од излегувањето на првата филмолошка книга во Република Македонија. Станува збор за Филмот и политичкото на Томислав Османли, книгата што во 1981 година ја објави весникот Млад борец. Ова ќе биде убав момент чествувајќи ја пројавата низ отворена дискусија да се проговори за филмската публицистика и состојбите со филмолошката литература кај нас, а авторот од денешна перспектива за своето дело знае да забележи:

„Со оглед на тоа што деновиве имав можност одново да ја прелистувам и исчитувам книгата, и д ане се погордеам со тоа дек апрактично книгата не губи од својата актуелност со оглед на дека изгледа успеа да ги фати теоретските модели коишто се релевантни не само во времето кога е таа пишувана ами и во ова време.“
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG