Достапни линкови

Мобилфест 2011


Во конкуренција за награда ќе се најдат над 80 остварувања.
Во конкуренција за награда ќе се најдат над 80 остварувања.

Со идеја за демократизација на филмот како медиум, ќе се одржи Вториот интернационален фестивал на филмови снимени на мобилен телефон.

Да снимаш филм на мобилен телефон е различно и лесно. Со своите мобилни телефони секогаш и секаде можете да регистрирате настани, неочекувани ситуации, да продуцирате брзo свои филмови. Потребна е желба. Идејата и креативноста сами ќе дојдат. Без скапа опрема, голема екипа и скапи актери лесно можете да ја реализирате секоја Ваша идеја.
Ова, меѓу другото, ќе го запишат организаторите во неодамна понудениот конкурс за учество на домашните автори и вљубеници во седмата уметност на Вториот интернационален фестивал на филмови снимени на мобилен телефон што е планирано да се одржи овој понеделник во просториите на Европската канцеларија во Скопје.
Нема ограничувања, може од било кој жанр, може да биде монтиран, нешто што од секојдневниот живот случајно се снимило, анимација може да биде, краткометражен документарец... битно е само да се има идеја и таа идеја да се преточи во филм на мобилен и да се испрати.
Драган Мишев, портпарол на МОБИЛФЕСТ.

На манифестацијата покрај 20-тината филмови одбрани од програмата на партнерските фестивали по светот како Мобилфилм фестивал од Сан Диего – САД, Мобилфестивал во Шпанија, Шутит од Грција, Покит фестивал од Сиднеј – Австралија и други , ќе биде прикажана и селекцијата на дела од домашните автори.

Драган Мишев, гласноговорникот на ова случување, истакнува дека тие како потписници на МОБИЛФЕСТ 2011 се изненадени од интересот за учество и дека во конкуренција за награда ќе се најдат над 80 остварувања.

„Нема ограничувања, може од било кој жанр, може да биде монтиран, нешто што од секојдневниот живот случајно се снимило, анимација може да биде, краткометражен документарец... битно е само да се има идеја и таа идеја да се преточи во филм на мобилен и да се испрати.“

За главната награда за најдобар филм Лале, инаку посветена на Ратка Илиевска Лале, професорка што преку својата работилница Ед Вуд едуцираше голем број домашни филмаџии, писатели и уметници, ќе одлучува жири во состав Сашо Мацановски Трендо, Атанас Кировски и Блаже Дулев. Победникот на МОБИЛФЕСТ 2011 ќе биде прикажан на сличните манифестации во светот со кои домашните ентузијасти подолго време соработуваат, а Мишев за следното издание на манифестацијата најавува и неколку интересни новини кои одат во прилог не само на нејзината популаризација, туку и ќе се стремат кон што поголема оригиналност и естетика на мобилниот или т.н покит филм.

„Ќе може да се испраќаат филмови преку цела година, тие филмови преку Фесјбук и да се оценуваат од гледачите и на крај селекција за на следниот фестивал да имаме огромен број филмови.“

Кон ова само уште информацијата дека манифестацијата се одржува со подршка на Продуцентската и дистрибутерска куќа КТ Филм и медиа, Словачката амбасада во Република Македонија и операторот One.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG