Седумчленото семејство Петрушевски од Куманово шеста година живее без струја, со социјален надоместок од околу две илјади денари. Најстариот член Сашо(54) е со сериозно нарушено здравје, а семејството е во долгови и поради неговата последна операција на срце.
Неговата сопруга Славица(51) вели дека, и да е волшебник, со тие пари не може да го прехрани семејството, особено што меѓу нив се и двете внучиња од кои едното оди и на школо, а нивните родители не работат.
„Шеста година ќе бидеме без струја во куќа во која никој не работи. Само јас добивам социјална помош од околу две илјади денари. Внучето оди на школо, па домашно пишува на свеќа. Додека бев на нозе работев приватно. Сега нема три недели како излегов од болница, лековите се околу три илјади денари, а јас немам пари“, вели Сашо Петрушевски.
Тој раскажува дека поднеле молба за помош до локалната власт, зашто друг излез нема. Додава дека цел живот биле сиромашни, па немале пари да ги школуваат децата. Станот во кој живеат е од мајка му која починала, а и долгови за струја од околу две илјади евра останале. Немаат од каде да ги најдат. Може да се случи да останат и без покрив над главата, зашто за станот има и други наследници.
„Од парите од социјално земаме џак брашно, компир и грав. Комшиите ни даваат по еден џак дрва откако излегов од болница, без тоа беше страшно. А јас и треба да се туширам секој ден. Како? Се задолживме за операција и сега кога треба да ги враќаме парите, не знам како ќе ги вратиме.“
И Славица е со нарушено здравје. Таа вели дека е тешко да се нахранат седум гладни усти. Синот, снаата и ќерката исто така не работат.
„Барам пари на заем за да направам нешто за јадење, а кога ќе ги земам парите од социјално веднаш ги давам. Порано работев по куќи, а веќе не сум способна, но треба нега и за Сашо. Туѓа нега велат дека не му следува, нема ниту еднократна помош, велат дека комисија треба да одлучи.“
За ова семејство нема ниту празник, ниту Нова година, Божиќ или што било. За внучињата нема ниту пактече да купат.
„Внуците бараат, а ние немаме од каде. Синот работел два месеца и од тогаш нема право на социјален надоместок.“
Во иста состојба е и нивниот роднина.
„Не можам ниту јас ништо да им помогнам. Ние добиваме по 1.800 денари социјална помош за четиричлено семејство, имаме долгови за струја, секој ден сакаат да ни ја исклучат. А тоа е како очите кога ти ги земаат. Доаѓаат со обезбедување. Како со социјален надоместок да се живее и струја да се плаќа. А народот молчи“, вели Среќко Василевски(44), кој пак има карцином, треба да оди на хемотерапија, а пари за пат до Скопје нема.
Тој вели дека терапијата ја одложува, иако нема надеж за некаква помош, но нема ниту идеја како да ги најде парите. За режим на исхрана ниту тој, ниту неговиот братучед Сашо не можат да помислат. Животот е таков каков што е, а до кога и како ќе живеат, како што велат, само Господ знае.
Овие семејства не се реткост во Куманово. Вакви социјални разлики, како што велат Петрушевски и Василевски, никогаш немало. Едните се премногу богати, а другите премногу сиромашни. Револтирани се, но од тоа нема никакво фајде. Велат дека надежта последна умира, па затоа и сакаат да се надеваат и да веруваат дека ќе се случи чудо и нивните животи ќе бидат барем за нијанса подобри.
Шеста година ќе бидеме без струја во куќа во која никој не работи. Само јас добивам социјална помош од околу две илјади денари. Внучето оди на школо, па домашно пишува на свеќа. Додека бев на нозе работев приватно. Сега нема три недели како излегов од болница, лековите се околу три илјади денари, а јас немам пари.Сашо Петрушевски.
Неговата сопруга Славица(51) вели дека, и да е волшебник, со тие пари не може да го прехрани семејството, особено што меѓу нив се и двете внучиња од кои едното оди и на школо, а нивните родители не работат.
„Шеста година ќе бидеме без струја во куќа во која никој не работи. Само јас добивам социјална помош од околу две илјади денари. Внучето оди на школо, па домашно пишува на свеќа. Додека бев на нозе работев приватно. Сега нема три недели како излегов од болница, лековите се околу три илјади денари, а јас немам пари“, вели Сашо Петрушевски.
Тој раскажува дека поднеле молба за помош до локалната власт, зашто друг излез нема. Додава дека цел живот биле сиромашни, па немале пари да ги школуваат децата. Станот во кој живеат е од мајка му која починала, а и долгови за струја од околу две илјади евра останале. Немаат од каде да ги најдат. Може да се случи да останат и без покрив над главата, зашто за станот има и други наследници.
Од парите од социјално земаме џак брашно, компир и грав. Комшиите ни даваат по еден џак дрва откако излегов од болница, без тоа беше страшно. А јас и треба да се туширам секој ден. Како? Се задолживме за операција и сега кога треба да ги враќаме парите, не знам како ќе ги вратиме.Сашо Петрушевски.