Во Дебар е во пораст бројот на семејствата кои се соочуваат со екстремна сиромаштија. Од околу 900 семејства кои добиваат социјална помош, еден помал дел овие јануарски денови ги минуваат без огрев, а често и без електрична енергија.
Во една стара напуштена куќа во Дебар живеат две сиромашни семејства. Семејството на Берка Селим е двочлено. Таа се соочува со крајна сиромаштија.
„Деновиве како што гледате температурите се под нулата. Дрва немаме. Ако некој помогне им се заблагодаруваме. Живеам со лекови, таблети. Користам дијазепам, апаурин, цело време сум по лекари, а имам и очен притисок. Никој не презема мерки да дојде и да не види во каква состојба живееме. Овде спиеме, гледате ни капи над глава“, вели Берка.
Берка Селим вели дека и самата не е свесна како ќе ја помине оваа зима. Покрај сиромаштијата, таа подвлекува дека при питачењето се соочува и со бројни навреди, кои и нанесуваат дополнителна болка.
„Одиме често покрај езерото за да најдеме дрва и штици. Најдов деновиве еден стар кауч, со чии дрва се греевме. Но од чадот ќе се задушевме, а грлото ме боли се
уште. И самата не знам како ќе ја минеме оваа зима. Никој не помага, се молам на господ тој да помогне “, нагласува 44-годишната Берка.
РСЕ: Колку добивате социјално?
„500 денари. Со 500 денари, мене не ми стигнува ни за таблетите, а не ли за леб.“
Но ова семејство не е единствено што овие зимски денови ги минува без огрев. Уште најмалку дваесетина други семејства во Дебар немаат огрев, а добар дел од нив немаат ниту електрична енергија.
По нова година видно е зголемен и бројот на семејствата кои бараат храна од народна кујна отворена од страна на центарот за Социјални работи во Дебар. Во Центарот велат дека има доставено барање до Министерството за труд и социјална политика за зголемување на бројот на корисници на кујната кој во моментов е сто, но засега нема одговор.
Деновиве како што гледате температурите се под нулата. Дрва немаме. Ако некој помогне им се заблагодаруваме. Живеам со лекови, таблети. Никој не презема мерки да дојде и да не види во каква состојба живееме. Овде спиеме, гледате ни капи над глава.Берка Селим од Дебар.
Во една стара напуштена куќа во Дебар живеат две сиромашни семејства. Семејството на Берка Селим е двочлено. Таа се соочува со крајна сиромаштија.
„Деновиве како што гледате температурите се под нулата. Дрва немаме. Ако некој помогне им се заблагодаруваме. Живеам со лекови, таблети. Користам дијазепам, апаурин, цело време сум по лекари, а имам и очен притисок. Никој не презема мерки да дојде и да не види во каква состојба живееме. Овде спиеме, гледате ни капи над глава“, вели Берка.
Берка Селим вели дека и самата не е свесна како ќе ја помине оваа зима. Покрај сиромаштијата, таа подвлекува дека при питачењето се соочува и со бројни навреди, кои и нанесуваат дополнителна болка.
„Одиме често покрај езерото за да најдеме дрва и штици. Најдов деновиве еден стар кауч, со чии дрва се греевме. Но од чадот ќе се задушевме, а грлото ме боли се
И самата не знам како ќе ја минеме оваа зима. Никој не помага, се молам на господ тој да помогне .Берка Селим.