Борба за преживување. Вака изгледа секојдневието на питачите кои се оставени на маргините на општеството. Без никакви примања тешкиот живот ги натерал на улиците да бараат милост и да зависат од желбата на луѓето да им помогнат.
Влезот на Градскиот трговски центар е работното место на една жена која секој ден по пет-шест часа им се обраќа на минувачите ако сакаат и имаат да и дадат некој денар. Вели тешко е, луѓето не се дарежливи и одвај собира пари за храна.
„Тешко тој што нема, тешко тој што е без ништо. Сега некој динар да падне за лепче, за друго. Никако, како терам, никако. Скоро секој ден по пет-шест часа стојам па си одам.“
Меѓу питачите често може да се сретнат мали деца. Реалноста тие се уште на ја доживуваат толку тешко, бидејќи и покрај се, се со насмевка на лицето и велат дека сами се решиле на таков чекор.
„Не знам како живееме. Тешко. Не даваат луѓето ништо. Никој не не
тера да работиме, ние сакаме за да направиме Нова година.“
Новогодишната ноќ ќе ја поминат најверојатно дома или пак на улица, бидејќи за разлика од другите граѓани, тие не можат да си дозволат на друг начин да ја прослават.
„Ќе видам не знам, не можам да знам“.
„Кај нас дома. Со мајка ми. Ќе прославуваме, па ќе шетаме малку“.
Министерството за внатрешни работи неодмана одржа регионална работилница „Местото на децата не е на улица - да ги заштитиме детските права“. Министерството за труд и социјална политика, пак, отвори транзитет центар за децата питачи во Гази Баба, со цел да се стави крај на нивната злоупотреба. Вкупната бројка на деца питачи изнесува околу 1.000, а најчесто мотивот за питачење е сиромаштијата. Според статистичките податоци, секој трет граѓанин во земјава е сиромашен или живее на работ на сиромаштија.
Тешко тој што нема, тешко тој што е без ништо. Сега некој динар да падне за лепче за друго. Никако, како терам никако. Скоро секој ден по пет-шест часа стојам па си одам.Питачка.
„Тешко тој што нема, тешко тој што е без ништо. Сега некој динар да падне за лепче, за друго. Никако, како терам, никако. Скоро секој ден по пет-шест часа стојам па си одам.“
Меѓу питачите често може да се сретнат мали деца. Реалноста тие се уште на ја доживуваат толку тешко, бидејќи и покрај се, се со насмевка на лицето и велат дека сами се решиле на таков чекор.
„Не знам како живееме. Тешко. Не даваат луѓето ништо. Никој не не
Никој не не тера да работиме, ние сакаме за да направиме Нова година.Питач.