Народните избраници не го прифатија амандманот на синдикатот со кој се предлага, наместо зголемување на платите на избраните и именуваните функционери и на државните и јавните службеници за 5 насто, овојпат од зголемување на платите да се воздржат функционерите со оглед на економската криза која падна најмногу врз грбот на оние кои земаат значително помали плати во државата.
Тоа значи дека од декември оваа година, платите на шефот на државата, претсетдателот на Собранието, пратениците, министрите, градоначалниците ќе бидат зголемени за 5 насто.
„Сметаме дека повторно се прави една неправична распределба, и во услови на оваа криза кога теретот од секојдневните покачувања на цените најмногу го чуствуваат оние со најниски плати, требаше да биде одлучено поинаку“, изјави Пеце Груевски од синдикатот на УПОЗ.
Во многу европски парламенти се размислува за намалување на платите и на привилегиите на носителите на функции, вели економистот Висар Адеми, којшто стравува и од тоа дека ваквата мерка може да го зголеми социјалниот јаз меѓу овие лица кои како што вели уживаат и други привилегии и пониските структури во администрацијата каде што платите со најавениот процент само незначително ќе се зголемат.
„За жалење е ова последна мерка, затоа што ако треба да се зголеми платата, тогаш треба да се зголеми на администрацијата и на луѓето кои работат на услужување на граѓаните на Република Македонија. Државните функционери имаат и други бенифиции, надомест за патување и така натаму.“
Ваквите некапитални трошења на крајот повторно ќе паднат на грбот на граѓаните, додава Адеми.
Просечната плата во Македонија, според последните податоци од заводот за статистика, изнесува 20.900 денари. Голем број од вработените работат за плата далеку помала од просечната. Со години, процентот на сиромаштија во земјава се движи околу бројката од 30 проценти, а во последните анализи на магазинот Економист Македонија е најмизерна во однос на 92 земји во светот земајќи ги како показатели невработеноста и инфлацијата.
Сметаме дека повторно се прави една неправична распределба, и во услови на оваа криза кога теретот од секојдневните покачувања на цените најмногу го чуствуваат оние со најниски плати, требаше да биде одлучено поинаку.Пеце Груевски, Синдикат на УПОЗ.
Тоа значи дека од декември оваа година, платите на шефот на државата, претсетдателот на Собранието, пратениците, министрите, градоначалниците ќе бидат зголемени за 5 насто.
„Сметаме дека повторно се прави една неправична распределба, и во услови на оваа криза кога теретот од секојдневните покачувања на цените најмногу го чуствуваат оние со најниски плати, требаше да биде одлучено поинаку“, изјави Пеце Груевски од синдикатот на УПОЗ.
Во многу европски парламенти се размислува за намалување на платите и на привилегиите на носителите на функции, вели економистот Висар Адеми, којшто стравува и од тоа дека ваквата мерка може да го зголеми социјалниот јаз меѓу овие лица кои како што вели уживаат и други привилегии и пониските структури во администрацијата каде што платите со најавениот процент само незначително ќе се зголемат.
Ако треба да се зголеми платата, тогаш треба да се зголеми на администрацијата и на луѓето кои работат на услужување на граѓаните на Република Македонија.Висер Адеми, економист.