Достапни линкови

Први, па макар и во мизерија


Индексот на мизерија според весникот Економист.
Индексот на мизерија според весникот Економист.

Магазинот Економист оцени дека Македонија е најмизерна земја од вкупно 92 земји, земајќи ги предвид двата економски показатели - невработеноста и инфлацијата. И додека власта направи и рекламни спотови да се пофали за Дуинг бизнис, за ова молчи.

Премногу маркетинг, премалку одговорност, покажува однесувањето на властите кога ги премолчуваат економските рангирања во кои Македонија се наоѓа многу ниско. Такво е рангирањето на магазинот Економист во кое Македонија се најде највисоко на листата меѓу 92 земји според индексот на мизерија, а земајќи ги предвид двата економски показатели - невработеноста и инфлацијата.
За граѓаните дефинитивно е поважен овој индекс, бидејќи на крајот на краиштата ние не живееме за да живееме во убави услови, туку убаво да живееме, на крај за нас е битно да имаме вработеност и да имаме добро платени работни места за да имаме повисок стандард.
Ванчо Узунов, професор.

Предуслов за одговорно трошење на буџетските пари е објективното создавање на сликата за својата работа. Или треба да се откаже од трошењето пари за рекламирање на позитивните рангирања или треба да прави анализа на меѓусебната релација со рангирањата на коишто се наоѓање многу ниско, вели професор Здравко Савески.

„Тоа што се зголемуваат даноците, расте социјалната раслоеност на населението. Има податоци да речеме на Светска банка каде што во последните 10 години драстично се зголеми социјалната раслоеност во Македонија, така да и тука треба да се истражува.“
Листата на Дуинг бизнис, таму Македонија е меѓу првите топ реформатори
Листата на Дуинг бизнис, таму Македонија е меѓу првите топ реформатори

Властите се однесуваат како газда на голема фирма, кога фирмата ќе направи нешто добро, го рекламира, во обратната ситуација прикрива и впечатокот е дека таа е успешна, вели професор Ванчо Узунов. За граѓаните, пак, многу поважни од оние показатели кои покажуваат какви се условите за стопанисување, се показателите за нивниот стандард.
Има податоци да речеме на Светска банка каде што во последните 10 години драстично се зголеми социјалната раслоеност во Македонија.
Здравко Савески, професор.

„За граѓаните дефинитивно е поважен овој индекс, бидејќи на крајот на краиштата ние не живееме за да живееме во убави услови, туку убаво да живееме, на крај за нас е битно да имаме вработеност и да имаме добро платени работни места за да имаме повисок стандард. Дали е опкружувањето за водење бизнис волку добро или онолку добро тоа е средство за стигање до целта, меѓутоа целта не ни е да имаме добро опкружување, туку добар стандард“, вели професор Узунов.

Аналитичарите упатуваат и на тоа дека станува збор за прилично симптоматична разлика во рангирањата на Македонија на различните листи и според различните показатели и дека задача и на академската јавност е да утврди зошто разликите се толку големи, што само по себе е одреден показател за водењето на економијата.

Додека Македонија се искачува на листите кои се однесуваат на спроведените реформи во економијата, според проценките на Економсит во поглед на невработеноста и инфлацијата таа ги надминала и земјите како што се Иран, Јужна Африка, Шпанија, Грција, Русија, Индија, Венецуела, Бразил и други.
XS
SM
MD
LG