Достапни линкови

Градот за едни мајка за други маќеа


Плоштадот Македонија, украсен за празниците.
Плоштадот Македонија, украсен за празниците.

Општина Карпош се жали дека е дискриминирана и оти сами ја украсуваат општината. Од Град Скопје, пак, велат дека го украсуваат само центарот на градот.

На неколку дена пред дочекот на Новата Година, градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски се жали дека и годинава Градот Скопје ја дискриминира единицата со која тој раководи. Новогодишниот декор од улицата Рузвелтова до Порта Влае е обезбеден од касата на општина Карпош, вели Јакимовски. Се жали дека Градот Скопје не го информирал навреме до каде ќе украсува, така што општината Карпош била принудена тоа да го прави за многу кратко време.

Континуирано се врши дискриминација на општина Карпош. Секако дека на ова негодуваме, затоа што е коректно Градот Скопје да ни каже до каде има намера да ја украсува општината.
Стевче Јакимовски, градоначалник на Карпош.
„Пет милиони денари од нашиот буџет сме одвоиле, мислам дека континуирано се врши дискриминација на општина Карпош. Секако дека на ова негодуваме, затоа што е коректно Градот Скопје да ни каже до каде има намера да ја украсува општината или кога има градежни зафати, за да може ние навреме да си реагираме.“

Одговор на ваквите обвинувања
побаравме од Градот Скопје. Оттаму велат дека пракса на градот Скопје е да го украсува само централното градско подрачје, во кое не влегува општината Карпош.

„Би го повикале градоначалникот Јакимовски да не прави политика и да не ја дезинформира јавноста. За тоа до која локација ќе украсува
Јакимовски ќе беше навреме информиран ако присуствуваше на состанокот на координативното тело на градоначалници, што му е и законска обврска.
Соопштение од Град Скопје.
градот, Јакимовски ќе беше навреме информиран ако присуствуваше на состанокот на координативното тело на градоначалници, што му е и законска обврска. Уште еднаш апелираме до градоначалникот на Карпош да соработува со градот во интерес на жителите на Карпош, а не во интерес на политиката или некоја политичка партија“, велат од град Скопје.

Ваквиот однос на „нетрпеливост“ меѓу централната власт и единиците на локалната самоуправа каде што управуваат градоначалници од опозицијата трае предолго, вели поранешниот градоначалник на Велес, Аце Коцевски. Според него, ниското ниво на политичка култура е главната причина за таквиот однос.

„На ова ниво на политичка култура што ја имаме во Македонија за жал тоа е вообичаена работа и тоа се случува со години, да не речам со децении наназад од осамостојувањето на Македонија. Прво на односите на централната власт кон локалната самоуправа во зависност од тоа кој е градоначалник на општината.“

Нови законски решенија кои ќе ги обврзуваат органите да немаат селективен пристап при распределбата на финансиските средства, би го надминал овој проблем, советува Коцевски.

„И од друга страна, размислување за нови организациони модели за организација на Градот Скопје за да се избегне паралелизмот на надлежности помеѓу градот Скопје и општините во негов состав и конфликтот на интереси помеѓу нив.“

Експертите посочуваат дека проблемот може да се реши доколку сите градоначалници, без оглед на која политичка провиниенција припаѓаат, станат единствени и сложни, па според тоа, многу полесно ќе се спротиствауваат на проблемите со кои се соочуваат. Според нив, на фаворизирањето на општините кои условно земено се блиски до владејачката партија, треба да се стави крај, оти последиците од нарушените односи меѓу градоначалниците ги трпат граѓаните.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG