Достапни линкови

Охрид се уште без финансиска самостојност


Министерството за финансии не го одобри барањето на Охрид за кредитно задолжување за исплаќање на долговите, со што градот се уште не може да влезе во втората фаза од децентрализацијата.

Откако повторно не доби согласност од министерството за финансии, за одлуката на Советот за кредитно задолжување во комерцијалните банки за раздолжување и влез во втората фаза од децентрализацијата, за овој најгорлив проблем за општина Охрид модел за разврска се очекува да најдат охридскиот градоначалник Александар Петрески на средбата на иста маса со највисоките претставници на власта и премиерот, што се бара итно за анализа на проблемот и негово решение за конечно Охрид да излезе од заплетканоста во првата фаза од децентрализацијата, каде тапка во место со уште неколку помали општини во земјава. Петрески смета
Шест години ние работиме со блокирана жиро сметка, откако сум јас градоначалник, а и претходно уште неколку години, тоа значи голема казна за градот и Охриѓани. Дали Охриѓани од владата се казнети поради тоа што мене ме избраа за градоначалник?
Александар Петрески, градоначалник на Охрид

дека Охрид по резултатите е една од најуспешните општини, но несреќен член во законот за локална самоуправа бил оној што пропишува дека општина што должи не може да оди во втората фаза на децентрализацијата, што според градоначалникот може да се реши со измена на законот или дозвола за земање кредит, или со позајмица.

„Ова значи дека ние работиме под целосно економско ембарго. Ние како држава имавме ембарго од Грција и како е да се работи под ембарго, знаеме. Ова е чисто класично ембарго, само што сега тоа не ни е дадено од Грција, туку нам, на Охриѓани економското ембарго ни го даде владата на Република Македонија. Можеме да кажеме дека работиме во многу тешки услови. Шест години ние работиме со блокирана жиро сметка, откако сум јас градоначалник, а и претходно уште неколку години, тоа значи голема казна за градот и Охриѓани. Дали Охриѓани од владата
Совет на општина Охрид
Совет на општина Охрид
се казнети поради тоа што мене ме избраа за градоначалник? Ние не бараме помош од владата, ние бараме само да не почитуваат. Сепак Охрид не е случаен град“, вели градоначалникот на Охрид, Александар Петрески.

Тој додава дека со финансиската несамостојност Охрид е блокиран и во апликација за користење на проекти и милионски средства од Европската Унија и меѓународните фондови, од што зависи развојот на градот.

„Ние увидовме дека се работи за проблем административен во добар дел, којшто општина Охрид не го исполнила како апликација кон барањето. Во друг домен, сега веќе како што ги отвораме работите во долговната политика, јасно е дека Охрид заглавува и во нови долгови кои дополнително го оптоваруваат и прашање ќе биде во иднина дали
Ние увидовме дека се работи за проблем административен во добар дел, којшто општина Охрид не го исполнила како апликација кон барањето
Дејан Пановски, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ

ваквиот кредит од околу 4 милиони евра воопшто ќе биде значаен во одблокирањето на Охрид, затоа што според информациите сегашниот долг стар, а посебно со новонастанатиот е меѓу 12 и 15 милиони евра“, вели Дејан Пановски, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ која во градскиот Совет гласаше за одлуката за кредитно задолжување за покривање на општинските долгови.

Иако и мнозинската СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ во локалната власт декларативно се за деблокада на Охрид и влез во втората фаза од децентрализацијата, сосема е неизвесна судбината на ова важно прашање за Охрид и неговите граѓани.
XS
SM
MD
LG