Достапни линкови

Охрид втора фаза децентрализација?


Охрид
Охрид

Натрупаните долгови и блокираната сметка на општината го попречуваат влегувањето во втората фаза на децентрализацијата

Ќе влезе ли општина Охрид конечно во втората фаза на децентрализацијата. Работејќи со години со блокирана сметка, главно поради старите долгови направени од претходните градоначалници и локалните власти, што ја
Со враќање на овие средства, ние ќе можеме да влеземе во втората фаза од децентрализацијата, што значи дека ќе можеме да користиме и други кредити и да аплицираме во фондовите за разни проекти на Европската унија.
блокира и вратата за излез од првата фаза кон фискалната децентрализација, за финансиската самостојност и одврзување на рацете за инвестирање во развој на општината, деновиве конечно работите се поместија од мртвата точка. Градскиот совет едногласно донесе одлука за кредитно задолжување на општината Охрид со долгорочен кредит од 6 милиони евра. Чека потпис и согласност од министерот за финансии Зоран Ставрески, како услов за добивање кредит од комерцијалните банки наменет исклучиво за сервисирање на старите наследени долгови, со што според охридскиот градоначалник Александар Петрески ќе се надмине финансиски неповолната состојба во која повеќе од една деценија се дави Охрид и се гуши неговиот развој.


Се чека на Зоран Ставревски

„Тие пари ќе ги враќаме месечно од буџетската сметка и тоа нема да влијае врз тековното работење на општината. Со враќање на овие средства, ние ќе можеме да влеземе во втората фаза од децентрализацијата, што значи дека ќе можеме да користиме и други кредити и да аплицираме во фондовите за разни проекти на Европската унија. Значи, кредитот воопшто како општина нема да го почувствуваме. Ние искористивме само 15 проценти од нашиот буџет за враќање на кредитот, а законски имаме право на 30 проценти. Имавме право да земеме кредит и на 12 милиони евра, но земаме само 6 милиони евра, толку колку што ни се потребни. Тоа нема да се одрази врз работењето на локалната самоуправа, затоа што ќе плаќаме помали камати од сегашните 19 посто, што ќе се намалат на 8-9 отсто камата за кредитот, кој ќе биде многи значаен и корисен за општина Охрид.“

Петрески е градоначалник од СДСМ, а во оваа одлука го поддржаа и советниците од локално опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Сметаме дека тоа кредитно задолжување ќе може да го ослободи Охрид од негативните процеси кои владеат од економската сфера овде. Сметаме дека тоа ќе ја подобри ликвидноста на самата општина и од тоа реален интерес ќе имаат и граѓаните. Нашиот скептицизам произлезе од тоа што не беше објаснето зошто повторно ја гласаме оваа одлука, е тоа беше затоа што првиот пат кога општината поднесе такво барање беше некомплетно и неквалитетно сработено. По упатствата добиени од Министерството за финансии, се обработи, се надевам овој пат квалитетно и се надевам дека доколку се исполнети сите услови согласно упатството, сега ќе се добие ова кредитно задолжување. Втората доза на нашиот скептицизам е затоа што ние воопшто немаме доверба во квалитетот на управување на Охрид од страна на актуелниот естаблишмент во локалната самоуправа во Охрид.“, вели Дејан Паноски, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во охридскиот совет.

Градското раководство на Охрид ветува дека со деблокирање на сметката и влегувањето во втората финансиски самостојна фаза од децентрализацијата, ќе се надминат пречките и ќе се создадат услови за инвестиции во изградба на локалната инфраструктура, пазарот, автобуската станица и други витални објекти за животот на охриѓани, преку сопствени и средства од други извори.
XS
SM
MD
LG