Достапни линкови

Хавел се интересирал за македонската поезија


Граѓаните му одаваат последна почит на починатиот Хавел во центарот на Прага.
Граѓаните му одаваат последна почит на починатиот Хавел во центарот на Прага.

Државник, голем хуманист и интелектуалец, а сепак толку непосреден, вели за Хавел писателот Веле Смилевски.

Македонија изгуби искрен и голем пријател со смртта на поранешниот чешки претседател Вацлав Хавел. Со почит и воодушевување кон неговата работа и делата што ги остави зад себе, за Хавел зборуваат македонските политичари и интелектуалци.

Тој остана верен поддржувач на Македонија, а односите со Чешка секогаш беа добри вели поранешниот претседател на македонското собрание, Стојан Андов.
Тој често употребуваше еден збор на чешки, што значи се разбира. Тоа беше во дослух со неговата широчина и подготвеност секогаш да постои компромис, да покаже разбирање меѓу луѓето.
Веле Смилевски, писател.

„Неколкупати советуваше што поскоро да го решиме спорот со Грција. Немавме ние проблеми со Чешка кога тој беше претседател, нормално се развиваа односите.“

Хавел е историска личност од европски формат, тој има високо место кај македонскиот интелектуалец, вели Андов.

Државник, голем хуманист и интелектуалец, а сепак толку непосреден, вели за Хавел писателот Веле Смилевски кој како поранешен дописник на Македонското радио имал можност да го интервјуира и одблиску да го
Претседателот на Чешка Вацлав Клаус се потпишува во книгата на жалоста по смртта на Вацлав Хавел.
Претседателот на Чешка Вацлав Клаус се потпишува во книгата на жалоста по смртта на Вацлав Хавел.
запознае чешкиот претседател.

„Тој често употребуваше еден збор на чешки, што значи се разбира. Тоа беше во дослух со неговата широчина и подготвеност секогаш да постои компромис, да покаже разбирање меѓу луѓето. Таквите луѓе оддаваат впечаток на една силна личност која што е подготвена понекогаш и да се жртвува во името на доброто“, се сеќава Смилевски.

Кога првпат се сретнал со Хавел,
Неколкупати советуваше што поскоро да го решиме спорот со Грција. Немавме ние проблеми со Чешка кога тој беше претседател, нормално се развиваа односите.
Стојан Андов, политичар.

Смилевски му подарил шише македонско вино и колекција фрески од манастирот Курбиново. Хавел, раскажува Смилевски, покажа голем интерес за Македонија, за нејзиното културно историско наследство и македонската народна поезија.

„Вацлав Хавел даде огромна подршка во признавањето на Република Македонија и Чешката Република ја призна Македонија под нејзиното уставно име. Две години после тоа Вацлав Хавел го прими првиот претседател на независна Република Македонија Киро Глигоров и беше договорено Хавел да ја посети Македонија, но со оглед на неговото нарушено здравје, тој не успеа да ја посети Македонија.“

До актуелниот чешки претседател Вацлав Клаус, писмо со сочувство по повод смртта на Хавел испрати и македонскиот претседател Ѓорге Иванов. Во писмото меѓудругото се вели: „не случајно, денес, демократските движења низ светот своите идеали и инспирација ги влечат од периодот на Прашката пролет, во херојската борба на граѓаните на тогашна Чехословачка, за слобода и демократија. Вацлав Хавел беше инспирација и пример за многу дисиденти, борци за човекови права во Европа, вклучително и во Република Македонија“.
Во Прага изложен ковчегот на Хавел
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:43 0:00
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG