Лидерите на Европската унија беа очајни во минатиот октомври. Сите го имаа потпишано Лисабонскиот договор, освен чешкиот претседател Вацлав Клаус. Но, тој не одговораше на повиците на неговите колеги.
Клаус беше на пат кој заврши во Москва каде што на прес конференција со рускиот претседател Дмитриј Медведев ја критикуваше Европската унија. Клаус потоа го потпиша Лисабонскиот договор, но откако ја подгреа кревкоста на Унијата. За многумина аналитичари тој само сакал да биде во центарот на вниманието, но има и такви кои се на став дека тој работи во интерес на Кремљ.
„Можете да судите за него според неговите активности. Она што го сакаат русите е што е можно послаба Европска унија и Клаус секако добро им служи за таа цел“.
Вели проминентниот новинар Јарослав Плесил, додавајќи дека Клаус не е и единтвен меѓу чешките политичари кои имаат добри врски со Русија. Најголемиот инструмент на мосоквското влијание е енергијата. Не е тајна дека Русија е најголемиот извозник на гас и нафта, особено во Централна и Источна Европа. Некои во овој регион се зависни од Русија скоро 90 насто. Карел Рандак, поранешен шеф на Чешката разузнавчка служба вели дека некои од најголемите руски компании оперираат преку невиливи и затворени компании кои се во сопственост на чеси контролирани од Москва.
Видео - Карел Рандак
„Доколку русите сакаат да инвестираат или да ја преземат контролата врз некоја стратегиска работа во Чешка, тоа го прават преку компании во Швајцарија и Западна Европа и никој не може да докаже дека зад сето тоа стојат русите“.
Меѓу нив е и компанијата Вемекс која презеде 12 насто од чешкиот пазар со гас откако беше формирана како фирма за продажба на руски производи. Се смета дека таа е контролирана од Газпром. Чесите кои се загрижени од ваквите активности ги обвинуваат своите сограѓани дека преку корупциски зделки и политичко влијание на Москва и ја оставиле отворена вратата во Чешка.
„Руските компании го користат нивното влијание преку старите комунистички контакти. Тоа е нешто што не може да го користат американците. Тешко може да се конкурира доколку другата страна има легално и јавно лобирање од највиско ниво“.
Видео - Мартин Брусик
Вели поранешниот лидер на Зелените Мартин Бурсик. Лукоил во минатата година обезбеди договор за снабдување со гориво за авионите на Прашкиот аеродром, но потоа се повлече можеби заради преголемата зделка. Се верува дека на Лукоил му помогнал поранешниот премиер Милош Земан. Проамериканските политичари како шефот на дипломатијата Карел Шварценберг пак, се уверени дека многу видни чешки личности лобираат за Русија.
„Посебно во енергетскиот сектор, каде што многу руски компании се под силно влијание на државата. А Русија се повеќе станува авторитарна држава. Така економското се претвора во политичко влијание“.
Вели Шварценберг.