Потпишувањето на договорот за намалување на нуклеарно оружје во Прага доаѓа една година откако американскиот претседател Барак Обама пред насобраниот народ на Прашки Храд повика на создавање свет без нуклеарно оружје. Минатиот месец Обама рече дека Вашингтон и Москва треба тоа да го покажат со лични примери.
„Иако оваа аспирација за свет без нуклеарно оружје нема да биде постигната во блиска иднина, ја ставивме во преден план за да се запре ширењето на ова оружје, тоа да падне во рацете на терористите, и да се намалат нуклеарните арсенали.“
Обама се надеваше дека договорот ќе биде потпишан во декември кога истече договорот СТАРТ договор, но, Москва имаше нови барања и преговорите продолжија за уште 4 месеци. Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров вели:
„Новата спогодба ја одразува транзицијата на руско-американската соработка во доменот на разоружувањето и неширењето на оружјето. Тоа ги поставува основите за нови стратегиски и воени односи и ја зајакнува заедничка и глобалната безбедност.“
Договорот, кој мора да биде ратификуван од страна на Сенатот на САД и од рускиот парламент предвидува намалување на бројот на оперативно распоредените нуклеарни боеви глави до 1.550 за двете страни, Сегашниот лимит е 2.200. Со договорот ќе се намали и бројот на таканаречените подвижни проектили кои се истрелуваат од возила и тоа до 700 за двете страни. Според аналитичарите овој договор има повеќе значење за политиката отколку за безбедноста. Воен експерт Александар Голц.
„Тој отвора можност за соработка и за многу други вистински безбедносни прашања, како што се Авганистан или соработка во случајот на Иран или било кој друг вид на соработка што може да биде многу плодно за двете страни.“
Следната недела, Обама, во Вашингтон ќе биде домаќин на десетици светски лидери на самит за нуклеарна безбедност во светот.

Ова е аспирација за свет без нуклеарно оружје која нема да биде остварена во блиска иднина.

Договорот ги поставува односите за нови стратегиски и воени односи и за зајакнување на глобалната безбедност.