Достапни линкови

Почина Вацлав Хавел, таткото на модерна Чешка


Вацлав Хавел му се обраќа на насобраниот народ на плоштадот Вацлавске Намјести во Прага на 10 декември1989 година.
Вацлав Хавел му се обраќа на насобраниот народ на плоштадот Вацлавске Намјести во Прага на 10 декември1989 година.

Вацлав Хавел ја предводи Кадифената револуција и станува прв демократски избран претседател на Чехословачка во 1989 година.

Почина поранешниот чешки претседател Вацлав Хавел на 75-годишна возраст. Од неговиот кабинет соопштуваат дека Хавел починал изутрината по долго боледување во неговата викендничка во селото Храдечек во северна Боемија.
Вацлав Хавел.
Вацлав Хавел.

Хавел беше познат драмски писател, есеист и дисидент. За време на комунизмот, неговите драми беа забранети во Чехословачка, а тој помина 5 години во затвор. Хавел ја предводеше Кадифената револуција во која беше соборен комунизмот во Чехословачка во 1989 година.
Вацлав Хавел стана симбол на модерната Чешка Република. Тој одигра клучна улога во нејзиното основање, преку својата бестрашна борбата против комунистичкиот тоталитаризам и како водечка фигура на нашата Кадифената револуција, а и како прв претседател на нашата слободна земја.
Вацлав Клаус, претседател на Чешка.

На крајот на 1989 година, само шест недели по почетокот на Кадифената револуција, Хавел стана првиот демократски избран и воедно последен претседател на Чехословачка, од 1989 до 1992.
Како шеф на државата, тој ја предводеше транзицијата на земјата кон демократија и пазарна економија, како и кон мирно раздружување меѓу Чешка и Словачка.

По распадот на државата, тој стана прв претседател на Чешката Република. Функцијата ја извршуваше во два мандати од 1993 до 2003 година.

Неговиот наследник, сегашниот претседател на Чешка, Вацлав Клаус, за смртта на Хавел изјави:

„Вацлав Хавел стана симбол на модерната Чешка Република. Тој одигра клучна улога во нејзиното основање, преку својата бестрашна борбата против комунистичкиот тоталитаризам и како водечка фигура на нашата Кадифената револуција, а и како прв претседател на нашата слободна земја.“

Почит на Хавел му оддава цела Европа. Шведскиот министер за надворешни работи, Карл Билт го наречен Хавел „еден од најголемите европјани на нашето време“.

Водач на кадифената револуција

Годините поминати во затвор, како и страстното пушење цигари се одразија на неговото здравје во последниве неколку години.
Радио Слободна Европа се осврнува на животот на човекот кој се опиша себе си како „збунет интелектуалец“, и кого многумина го сметаа за совест на чешката нација.
Прослава на Нова година и прослава на изборот на Хавел за претседател на Чехословачка на 31 декември 1989 година.
Прослава на Нова година и прослава на изборот на Хавел за претседател на Чехословачка на 31 декември 1989 година.

Зборувајќи пред насобраниот народ во центарот на Прага, за време на револуцијата, Хавел зборуваше дека вистината и љубовта мора да ја победат лагата и омразата:
Сакаме да живееме во слободна, демократска и просперитетна Чехословачка. Сакаме да се вратиме во Европа и никогаш нема да се откажеме од нашите идеали, без разлика што ќе се случува во наредните денови.
Вацлав Хавел, 23 ноември 1989 година.

„Сакаме да живееме во слободна, демократска и просперитетна Чехословачка. Сакаме да се вратиме во Европа и никогаш нема да се откажеме од нашите идеали, без разлика што ќе се случува во наредните денови“, рече Вацлав Хавел на 23 ноември 1989 на плоштадот Вацлавске Намјести во центарот на Прага, каде што имаше собрано повеќе од 300 илјади луѓе.

Кадифената револуција почна шест дена порано со мирни студентски протести што насилно беа растурени од полицијата. Во наредните денови, стотици илјади Чеси и Словаци излегоа на улиците на мирни протести.
Вацлав Хавел во 1970-тите години.
Вацлав Хавел во 1970-тите години.

Хавел стана клучна фигура на протестите. Зборуваше пред насобраниот народ и, како еден од основачите на опозициската организација Граѓански форум, ги предводеше преговорите за мирен крај на комунистичкото владеење.

На крајот на годината, тој стана првиот демократски избран претседател на Чехословачка.

„Предмалку бев едногласно избран за претседател на нашата република од Сојузното собрание. Ви благодарам на сите, Чеси, Словаци и луѓе од другите националности, за вашата поддршка. Ветувам дека нема да ја изневерам довербата што ми ја дадовте и дека ќе ја одведам државата на слободни избори“, рече Хавел на 29 декември 1989 година.

Вацлав Хавел е роден на 5 октомври 1936 година во богато семејство. Комунистите конфискувале најголем дел од имотот на семејството и во голема мера му го забранувале високото образование.

По отслужувањето на воениот рок, Хавел се врти кон театарот, прво како помошник, а во 60-тите години почнува да пишува драми кои најчесто се занимаваа со апсурдите на животот во комунизмот.
Хавел: во Русија мора да запре советската носталгија
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:41 0:00
​Во 1968 година, силите на Варшавскиот пакт предводени од Русија извршуваат инвазија во Чехословачка да го задушат реформското движење Прашка Пролет. Драмите на Хавел беа забранети, а тој беше ставен под постојан полициски надзор.

Во 1976 година, тој е еден од потписниците на петицијата Повелба 77, со која се повикува комунистичката влада да ги почитува меѓународните договори за човекови права што ги потпишала. Потписниците на Повелбата беа прогонувани, а Хавел доби 3,5 години затвор.
Тие не можеа да предвидат што ќе излезе од сето тоа и дека тоа ќе биде снежна топка што ќе предизвика лавина. Се разбира, не знаевме ниту ние. Кога велам ние, мислам на потписниците на Повелбата 77, на дисидентите. Она што сепак беше јасно, и претходно сум зборувал и сум пишувал за тоа, е тоа дека порано или подоцна снежната топка што почна да се тркала ќе предизвика лавина.
Вацлав Хавел.

Во 1989 година, државите од источниот блок се најдоа пред големи промени. Во септември истата година илјадници граѓани на Источна Германија дојдоа во главниот град на Чехословачка, Прага, со намера да побегна на Запад. Два месеци подоцна падна Берлинскиот ѕид. На 17 ноември, полицијата ги задуши студентските протести во Прага. Тоа предизвика масовно излегување на протести и почеток на Кадифената револуција. Поради брзиот пад на комунизмот, Хавел ја почна претседателската кампања на 10 декември – Меѓународниот ден за човекови права, за по 19 дена да стане претседател на Чехословачка.

На функцијата е реизбран во 1990 година. Хавел потроши многу време обидувајќи се да спречи распад на Чехословачка, по барањата на словачките националисти за независност. Откако не успеа, во 1992 година поднесе оставка.

По распадот, во 1993 година беше избран за претседател на Чешката Република, а потоа уште еднаш во 1998. На претседателската функција остана до 2003 година. До неговото заминување од чело на државата, Чешка веќе беше членка на НАТО и пред вратите на ЕУ.
Вацлав Хавел почина
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:04 0:00
Во подоцнежните години, Хавел имаше лошо здравје. Имаше рак на белите дробови и операција на дебелото црево за време на којa за малку ќе починеше. Целиот живот остана поборник за човековите права и за демократија во земји како Куба, Русија, Кина и Белорусија.

Во едно од последните интервјуа за Радио Слободна Европа, Хавел се осврна на настаните од 1989 година. Тој рече дека било очигледно дека порано или подоцна ќе дојде до промени, прашањето било само кога ќе се случат и оти студентските протести од 17 ноември го иницирале почетокот.

„Тие не можеа да предвидат што ќе излезе од сето тоа и дека тоа ќе биде снежна топка што ќе предизвика лавина. Се разбира, не знаевме ниту ние. Кога велам ние, мислам на потписниците на Повелбата 77, на дисидентите. Она што сепак беше јасно, и претходно сум зборувал и сум пишувал за тоа, е тоа дека порано или подоцна снежната топка што почна да се тркала ќе предизвика лавина.“

Хавел се залагаше за изградба на граѓанско општество засновано на чесност и хуманост. Сепак, како што одминуваа годините, тој често доаѓаше во конфликт со попрагматичните политичари.
Чесите му одаваат почест на Хавел
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:30 0:00
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG