Средбата се одржа во резиденцијата на американскиот амбасадор и на неа беа поканети лидерите од Бугарија, Хрватска, Унгарија, Литванија, Словенија, Полска, Словачка, Латвија, Естонија, Романија и Чешка.
Тие како сојузници на Вашингтон во Источна Европа се чувствуваат запоставени од администрацијата на Обама и стравуваат од повторен бран на руското влијание во нивниот регион. Александар Вондра, поранешен чешки заменик премиер вели дека состанокот му даде шанса на Обама да ги убеди сојузниците во Источна Европа:
„Претседателот Обама вети две работи во Прага пред една година. Тој вети почетокот на една нова ера за нуклеарното оружје, заедно со ресетирање на односите со Русија. Но, тој, исто така, вети дека нема да се откаже од неговите сојузници во Централна и Источна Европа. Но, тоа е само вечера. Тоа е прв чекор, и само вечера не е доволно.“
Според соопштението на Белата Куќа објавено по вечерата, лидерите се согласиле дека НАТО е централен во заедничкиот интерес за глобалната безбедност. Обама, исто така, потсетил на членот 5 на НАТО кој ги обврзува членките на Алијансата во одбрана на некоја од нив доколку биде нападната. Овој член, според него, мора да остане релевантен во соочувањето со заканите на 21 век.
Источноевропските лидери, според Белата Куќа, оцениле дека подобрувањето на односите меѓу Вашингтон и Москва ги намали тензиите и создаде нови можности и тие да ги подобрат своите односи со Русија. Мајкл Мекфол, висок советник на Обама за прашања поврзани со Русија им изјави за новинарите во Прага дека безбедноста на сите во Европа е подобра, кога во тоа се ангажирани Москва и Вашингтон.
„Веруваме дека посуштински односи со Русија, каде што можеме да зборуваме за работи, вклучувајќи ги и оние за кои не се согласуваме, се добри за безбедноста во овој регион од светот.“
Во јули минатата година истакнати интелектуалци и поранешни претседатели, меѓу нив и Вацлав Хавел и Лех Валенса упатија отворено писмо до администрацијата на Обама со изрази на стравување дека Вашингтон е се помалку заинтересиран за Источна Европа и оти НАТО станува се понеефикасен. „НАТО денес изгледа послаб од кога му се приклучивме“, напишаа тие, изразувајќи сомневање во подготвеноста на Алијансата да ги одбрани во евентуални нови кризи.
„Ако се гледа каде се работите денес во однос на европската безбедност и Русија, тие откако дојдовме во Белата Куќа имаат напреднато. Тоа што претседателот може да дојде во Прага и да потпише договор за контрола на вооружувањето со Русија, а потоа да има вечера со 11 НАТО сојузници го подвлекува фактот дека овие односи во никој случај не се на сметка на другите“, им изјави на новинарите во Прага заменик советникот на Белата Куќа за национална безбедност Бен Родес, додавајќи дека нивните интереси остануваат важни за Вашингтон, дури и во ресетирани односи со Москва.

Веруваме дека посуштински односи со Русија, каде што можеме да зборуваме за работи, вклучувајќи ги и оние за кои не се согласуваме, се добри за безбедноста во овој регион од светот.