Достапни линкови

Обама: Побезбедна иднина за нашите деца


Новиот договор за ограничување на нуклеарното оружје претставува пат кон мирот и безбедноста во светот, изјави американскиот претседател Барак Обама по телефонскиот разговор со рускиот претседател Дмитри Медведев.

Белата куќа и Кремљ денеска соопштија дека американскиот претседател Барак Обама и неговиот руски колега Дмитри Медведев се согласиле, новиот договор за намалување на нуклеарното оружје да го потпишат на 8 април во Прага. Ова тие го договориле во нивниот денешен телефонски разговор по што претседателот Обама изјави:

„Задоволен сум да објавам дека по една година интензивни преговори, Соединетите Држави и Русија го усогласија најсодржинскиот договор за контрола на оружјето во изминативе две децении.“
Задоволен сум да објавам дека по една година интензивни преговори, Соединетите Држави и Русија го усогласија најсодржинскиот договор за контрола на оружјето во изминативе две децении.

Обама, потврдувајќи дека историскиот договор ќе биде потпишан во Прага, изјави дека тоа е уште еден чекор напред во изградбата на побезбедна иднина во светот. На прес конференцијата во Вашингтон говореа и државниот секретар Хилари Клинтон и секретарот за одбрана Роберт Гејтс.

„Овој договор претставува значаен чекор во нашата соработка со Русија“, изјави Клинтон.

Гејтс додаде дека редукцијата нема да ја намали нуклеарната моќ на Соединетите Држави. Со новиот десетгодишен договор се ограничуваат американските и руските нуклеарни арсенали за 30 насто повеќе од договорот СТАРТ, потпишан во 1991 година. Договорот мора да биде ратификуван од американскиот Конгрес и од руската Дума.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG