Достапни линкови

Југоносталгија


Дури 60 отсто од граѓаните во Македонија сметаат дека во комунизмот имале поголеми лични слободи и права. Власта треба да се замисли пред таквата перцепција, велат експертите.

Во комунизмот, македонските граѓани имале повеќе лични слободи, отколку денес. Југоносталгични Македонци, наспроти Албанци кои се покритични за времето на комунизмот. Ова го покажуваат резултатите од анкетата што ја спроведе Центарот за истражување и креирање политики.
Дури 60 отсто од граѓаните одговориле дека во времето на комунизмот имале поголеми лични слободи. Бројот на оние со спротивен став е двојно помал.
Кај Албанците генерално има покритичка, понегативна слика за комунистичкото минато, додека кај Македонците генерално се високи цифрите.


Сепак, одговорот на ова прашање во голема мера е определен и од етничката структура на испитаниците - три четвртини од Македонците одговориле дека во комунизмот имале поголеми лични слободи, додека тој број кај Албанците е три пати помал. Повеќе од 60 отсто од Албанците воопшто не се согласуваат со тврдењето дека во поранешна Југославија имале повеќе слобода.

Анастас Вангели и Башким Бакиу од Центарот за истражување и креирање политики на прес-конференција во Скопје

Аналитичарот од Центарот за истражување и креирање политики Анастас Вангели вели дека меѓу Македонците и Албанците постојат очигледни разлики во перцепцијата на комунизмот.

„Кај Албанците генерално има покритичка, понегативна слика за комунистичкото минато, додека кај Македонците генерално се високи цифрите, меѓутоа како што реков Ромите се оние кои што сметаат, односно кај нив е највисок тој тренд на согласување со предлогот дека животот во комунизмот бил подобар.“

Зошто луѓето сметаат дека имале повеќе лични слободи во режим во кој медиумите се под државна контрола, има само една партија, а „големата уста“ може да ги одведе во затвор?!

Професор Мирјана Најчевска вели дека не се согласува со употребата на
Тоа е порака за сегашната власт дека тие функционираат уште полошо од комунизмот, односно дека тие функционираат според методологии на тоталитаризам.
терминот комунизам за југословенското социјалистичко општество. Таа смета дека граѓаните веројатно чуствуваат недостаток на економските слободи што ги имале во поранешниот систем.

„Луѓето го чувствуваат отсуството на дел од правата кои се повразани со социјалата, здравството и она што се нарекува работни права што беа на прилично високо ниво заштитени во тој претходен систем.“

Најчевска вели дека во последно време масовно и бескрупулозно се повредуваат граѓанските и политички права и нема владеење на правото.
Професор Имер Исмаили, пак, вели дека ваквите резултати од анкетата се остра порака до власта.

„Тоа е порака за сегашната власт дека тие функционираат уште полошо од комунизмот, односно дека тие функционираат според методологии на тоталитаризам.“

Исмаили вели дека не е изненаден што Македонците и Албанците различно го перцепираат минатиот систем. Албанците сега не се убивани или затворани од идеолошки причини, вели тој.

„Затоа Албанците го дожуваат поинаку, се доживуваат послободни отколку во времето на комунизмот, за разлика од Македонците на кои на некој начин им е исто, и во комунизмот ги малтретирале заради комунистички идеологии и сега ги малтретираат заради некои национални, меѓутоа тоа е веќе тоталитаризам.“

Бројот на граѓани што сметаат дека животот за време на комунизмот генерално бил подобар од денес е три пати поголем од оние кои го тврдат спротивното. Четири пати повеќе граѓани сметаат дека економијата порано била подобра, од тие кои сметаат дека сега е подобро, покажуваат резултатите од новата анкета на Центарот за истражување и креирање политики.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG