Хрватскиот претседател Стипе Месиќ на предавање пред студентите на Факултетот за политички науки во Загреб изјавил дека хрватските единици воделе тешки битки во Истра по што го ослободиле Трст. ,,Да не беа тие Словенија сега морето би го гледала од едно дваесет километри далечина,, рекол Месиќ, прецизирајќи дека словенските партизански единици биле повеќе ориентирани кон автсриската граница. Тоа го потврдува и Ловре Реиќ, еден од командантите на единиците кои влегле во Трст, но со забелешка:
Би го гледале морето од зад бреговите над Постојна, а тоа е четириесет километри од морето.
Но, колку посегањето по историските аргументи може да биде продуктивно во актуелниот спор меѓу Хрватска и Словенија. Историчарот Твртко Јаковина вели дека никој не знае што би се случило доколку пред шеесет години се случеше нешто друго. ,,Може само да се претпостави дека Италија би минала многу подобро доколку не би биле партизанските единици кои се бореа и на хрватската и на словенската територија, вели Јаковина, додавајќи:
Но, повторно влегуваме во манипуалции. Тоа движење сепак во својот голем дел беше единствено. Беше тоа партизанско југословенско движење, раководено од Тито кој беше во Белград. Напорите беа заеднички.
Како и да е, и Твртко Јаковина и Ловре Реиќ се единствени во ставот дека хрватско словенскиот спор околу границата е штетен за двете земји.
Можам со сигурност да ви кажам дека странските дипломати на најважните европски и светски земји навистина не можат да сфатат тоа што од едната страна се бара да отстапи дел од брегот затоа што го имала многу повеќе. И Италија има многу крајбрежје. Логично е и од неа да се бара малку брег.
Реиќ пак, ги повикува своите своите соборци да се обидат да влијаат да бидат прекинати овие, како што вели, игри околу границата:
Барем тие де влијаат на својата политичка бирократија и словенечка и хрватска и да не ни се случува да ни се смеат Европа и светот.