Сега е добра можност двете страни што се засегнати од спорот со името да најдат решение, бидејќи ова прашање предолго се одовлекува. Ова го изјави американскиот амбасадор Пол Волерс по средбата со министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, во однос на тоа што треба Македонија и Грција да преземат по одлуката на Хашкиот суд на правдата. Според него, засегнатите треба да ги зголемат напорите за да се најде решение за проблемот.
„Ние го поддржуваме процесот под покровителство на ОН, ги поддржуваме напорите на двете страни во процесот и ќе го поддржиме било кое решение за кое двете страни ќе се договорат. Мислам дека е важно да се искористи оваа можност за да се прескокне јазот и да се оди напред“, вели Волерс.
Јанкулоска се осврна на инцидентот во автобусот 74 меѓу учениците од Долно Количани и апелираше да се вклучат сите чинители во општеството за во иднина децата да не се натпреваруваат и докажуваат преку употреба на сила.
„Јас зборувам за едно системско и трајно решение, што на долг рок ќе даде позитивни резултати. Затоа што ние не смееме да се доведеме во ситуација да се справуваме само со последиците. Мора да ги најдеме причините и превентивно да делуваме за тие причини понатаму да не постојат и да не се соочиме со проблеми со какви се соочуваме. За жал според моето мислење доста често“, вели Јанкулоска.
Волерс, пак, на прашањето за националистичките скандирања на спортските терени кои ги подгреваат меѓуетничките тензии одговори дека не се добри за општеството.
„Ова не е случај само во Макеоднија, бидејќи ваквиот начин на навивање е присутен насекаде низ светот. Не е позитивно, но јас сум сигурен дека многу од луѓето кои се инволвирани не се свесни за последиците и треба оние кои ја носат одговорноста да истапат и да кажат дека ова не е вистинскиот начин “, вели Волерс.
Американската амбасада на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР му донираше опрема во вредност од 104 илјади долари за сузбивање на корупцијата во сите сектори.
Ние го поддржуваме процесот под покровителство на ОН, ги поддржуваме напорите на двете страни во процесот и ќе го поддржиме било кое решение за кое двете страни ќе се договорат. Мислам дека е важно да се искористи оваа можност за да се прескокне јазот и да се оди напред.Пол Волерс, амбасадор на САД во Македонија.