Господине Димовски како ги оценувате меѓуетничките односи сега во моментов?
Меѓуетничките односи во текот на целата година не беа на некое највисоко ниво. Вообичаено во Република Македонија последниве четири, пет години, сите случувања на меѓуетнички план се случуваат кон крајот на годината. Значи втората половина од секоја календарска година. Во овој момент се уште ние од она што го имаме на терен со нашите тимови немаме некои драстични нарушувања на меѓуетничките односи, но се чуствува раздвиженоста, провокациите и итн.
Колку влијае ова што се случува на обичните граѓани?
Се плашат. Значи дефинитвно граѓаните се плашат. Навраќајќи се на она што се случи во 2001 година, конфликт кој исто така беше контролиран и режиран. Грѓаните се плашат. Се уште стои поделеноста. Барем она што јас го гледам во Скопје и во другите градови. Поделеноста на ние и вие постои и ќе постои се додека до оној момент не бидеме, не се отргнеме од канџите на политичарите и политичките партии.
Колку време ќе помине до тогаш?
Јас мислам дека подолго време ќе помине.
Зошто им се толку интересни меѓуетничките односи и се некаква „играчка“ во рацете на политичарите?
Па знаете што? Штрајковите веќе не се интересни. Најлесно е денеска да испровоцирате меѓутнички конфликт каде имате две големи етнички заедници кои се домицилно население. Најлесно е да предизвикате таков конфликт и да го уплашите народот, дека ќе се случи нешто од кое секој може да страда во таквата ситуација.
Колку се реални заложбите на властите кога велат дека ќе ги смират таквите тензии?
Онолку колку што се залагаат за да ги предизвикаат, толку се залагаат и за да ги смират. Штом се контролирани, штом се изрежирани, тогаш лесно можат и да се смират. Тоа не се меѓунационални кофликти, кога ние би имале такви конфликти, би имале голем број на жртви. Значи тоа се полиитчки изрежирани меѓуетнички конфликти за да се одвлече вниманието на граѓаните, било да е тоа од сиромаштијата, од неуспесите со ЕУ, било да е од неуспесите во преговорите до Грција и така натаму. Така да најлесно е да ги предизвикаат и да ги контролирате, а можат и да ги смират, таква ситуација имавме на Кале.
Извлекуваат ли политичарите поука од она што се случува?
Јас мислам дека не, дефинитивно не. Не можат да извлечат поука бидејќи тие учествуваат во креирањето на ваквите настани.