Козметички и фитнес салони, фризерници, продавници за храна, кафулиња се најчестите бизниси кои се отвораат во Битола. Иако годишно со работа отпочнуваат околу 300 фирми, тие претежно се мали бизниси. Освен фабриката за производство на масло, битолчани не паметат со години да е отворен друг нов фабрички капацитет.
Претприемачите од градот велат дека бизнис идеи постојат, но недостигаат финансиски средства за нивна реализација. Финансиската моќ кај граѓанството е видно опадната, а банките имаат неповолни услови за кредитирање и високи банкарски камати.
„Јас не сум задоволен, немаме потик, немаме финансиска сила, банките се стабилни, но се лимитирани во делот на развојот, така да ние сме стопирани да одиме нагоре со бизнисот. После 30 години една нова фабрика се направи, замислете да има вака повеќе фабрики каде младиот свет кој седи на Корзо до два часот навечер ќе биде ангажиран, ќе биде позадоволен отколку да пие“, вели бизнисменот Благој Стојчев.
За да се отпочне помал бизнис потребни се минимум 5.000 евра, а за некои пооригинални замисли како на пример, зооградина за рептили и до 50.000 евра.
Што велат граѓаните за отворањето мал бизнис:
„Инвентарот околу 10.000 евра, набавката на рептили околу 20.000 евра, опрема, греачи, термостати 10.000 евра, декорации, вентилација и местото да биде под наем. Вкупна минимална инвестиција 50 илјади евра, без објектот. Вложените средства би се вратиле за пет години“, вели претприемачот Александар Горгиевски.
Помош за претприемачите во последно време нудат бизнис инкубаторите каде бизнисмените можат да добијат простории, консулатции и совети.
„Во опкружувањето нема доволно разбирање, нема доволна спремност за поддршка на нивните идеи. Претприемачите имаат идеи, немаат ресурси. Ние обезбедуваме просторно-технички, консултантски и административно-технички поддршки во академско-претприемнички инкубатор. Во него студенти и други заинтересирани можат да ги пребродат породилните маки на претприемничките бизниси. Тоа се првите две до три години, кога главно се вложува, а нема доволно приходи, се додека не застанат на свои нозе“, вели Цветко Смилевски, експерт по менаџмент.
Јас не сум задоволен, немаме потик, немаме финансиска сила, банките се стабилни, но се лимитирани во делот на развојот, така да ние сме стопирани да одиме нагоре со бизнисот.После 30 години една нова фабрика се направи, замислете да има вака повеќе фабрики каде младиот свет кој седи на Корзо до два часот навечер ќе биде ангажиран, ќе биде позадоволен отколку да пиеБлагој Стојчев, бизнисмен.
.