Неделата што помина, Радио Слободна Европа, редакцијата на македонски јазик, се чини, повторно имаше топ тема што предизвика многу ваши коментари, почитувани, што за нас е најбитно - тоа покажува дека ја слушате и гледате нашата програма и дека ја читате нашата веб страница.
Телевизиското интервју со поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, а сегашен доживотен претстедател на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски. Преовладуваат негативни пораки. Па на пример, Ице од Канада прашува како сме можеле да го цитираме овој, како што пишува, изрод македонски, кој секогаш ширел пробугарски и прогрчки тези. Да беше во САД, ќе беше во затвор, тврди Ице.
Смиле од Ориос смета дека Георгиевски ја испровоцирал војната во 2001 за да го покрие својот криминал, а потоа, вели, бараше работа и државјанство во Бугарија, а сега се прави историчар.
Слушател потпишан со неколку извичници смета дека лидерот на ВМРО-НП застапува нелогична теза дека јазикот не значи ништо во однос на генезата на еден народ, па ги поврзува денешните Македонци со античките, на што некој потпишан како „Антички србомакедонци од Пела“ реплицира дека сите ни се смеат кога се правиме наследници на Александар Велики, а името дури и на неговиот коњ, Букефал и неговото име, се со грчки корен.
Дени, меѓутоа, од Штип пишува дека само простиот народ не го прифаќа Георгиевски, народ кој се задоволува со едно кафе. Крајот го краси делото, порачува Дени.
Дека нашите граѓани не прифаќаат мислење различно од нивниот зацртан шаблон покажуваат коментарите по нашиот текст во кој се консултирани политиколози во врска со ефектите од писмото од премиерот Груевски до колегата Пападимос. Тука повторно ни се јавува нашиот стар познајник Миле од Охрид, но овојпат потпишан и како Македонец од Македонија, кој им наоѓа мана на експертите и на нашата редакција за наводно ширење дефетизам и погрешни мислења, а Филип ја кара професор Елена Андреевска дека се правела недоветна со намера да испадне дека Грција не влијаела на нашиот процес на евроинтегрирање.
Ѓорѓи од Скопје смета дека Грција со нашето блокирање за влез во ЕУ ни правела услуга да не сме се качеле на истиот брод што тонел.
Сите ни се смеат кога се правиме наследници на Александар Велики, а името дури и на неговиот коњ, Букефал и неговото име, се со грчки корен.Коментар од читател.