Достапни линкови

Нереални очекувања на датум за преговори


Граѓаните ја прославуваат препораката на ЕК за преговори со Македонија за членство во ЕУ.
Граѓаните ја прославуваат препораката на ЕК за преговори со Македонија за членство во ЕУ.

Од МНР повторуваат дека земјава со константниот придонес што го дава заслужува час поскоро да почне преговори со ЕУ. Експертите не гледаат ни еден знак дека тоа е реално.

Прогнозите за Македонија и можниот датум за преговори во декември се воздражани. Министерството за надворешни работи од, друга страна, бара брз прием во ЕУ. Од таму повторуваат дека земјава, со константниот придонес што го дава, заслужува час поскоро да почне преговори со ЕУ.

Министерството за надворешни работи лобира, со цел датумот да го добиеме на овој Совет на ЕУ и ние веруваме дека е можно започнување на преговорите и паралелно водење на преговорите со ЕУ и разговорите со Грција околу проблемот за името.
Борче Стамов портпарол на МНР.
„Министерството за надворешни работи лобира, со цел датумот да го добиеме на овој Совет на ЕУ и ние веруваме дека е можно започнување на преговорите и паралелно водење на преговорите со ЕУ и разговорите со Грција околу проблемот за името“, изјави портпаролот Борче Стамов.

Без договор за името Македонија тешко може да добие датум, оцени претседателот на ВМРО Народна партија Љубчо Георгиевски кој е гостин во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Граѓаните ја слават препораката на ЕК за преговори со Македонија
Граѓаните ја слават препораката на ЕК за преговори со Македонија
„Не, мислам дефинитивно јас не гледам ни еден знак. Тоа го судам според оние државни новинари кои секојдневно нели ја пропагираат политиката дека овие четири години ќе поминат во празно и дека оваа Влада најверојатно ќе добие уште едни избори благодарејќи на јаката одбрана на името.“

Не, мислам дефинитивно јас не гледам ни еден знак. Тоа го судам според оние државни новинари кои секојдневно нели ја пропагираат политиката дека овие четири години ќе поминат во празно и дека оваа Влада најверојатно ќе добие уште едни избори благодарејќи на јаката одбрана на името.
Љубчо Георгиевски претседател на ВМРО Народна партија.
Запрашан за варијанта Македонија да добие датум, особено во контекст на претстојната пресуда на Меѓународниот суд на правдата и пред Советот на минстри политичкиот аналитичар Стево Пендаровски вели дека основната ситуација е иста. Европската комисија мошне јасно во последните три години го повтори својот став кој е како на НАТО. Од таму мошне јасно беше наведно и во бројни прилики повторено дека Македонија ќе добие покана да се приклучи по решавањето на прашањето со името.

„Она што беше заклучок на букурешткиот Самит во 2008-та беше преземено буквално една година подоцна, и од тогаш главниот предуслов за почнување преговори е тоа. Бидејќи во изминатава една година немаме ниту формална активност на тој план, значи процесот е практично мртов, не можам да видам како ние би добиле датум за преговори ако воопшто не се придвижуваат работите во однос на тоа прашање.“

Во тој контекст продолжуваат да се охрабруваат Македонија и Грција да соработуваат за да најдат решение. На минстерскиот совет ќе се води дебата за проширување и нема да се разгледуваат земјите во блок туку поединечно. Пресудата на Меѓународниот суд на правдата е четири дена претходно.

„Тоа се два практично паралени процеси. Тие велат и да се реши и како и да се реши во рамките на правниот процес пред Меѓународниот суд на правдата, политичкиот процес треба да продолжи и да заврши во рамките на ОН“, вели Пендаровски.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG