Достапни линкови

Дали Македонија навистина сака во ЕУ?


Реформите на патот на евроинтеграциите и согледување на забелешките од извештајот на ЕК - дел од темите на состанокот на Мешовитиот комитет меѓу Македонија и ЕУ.

Да се согледаат реалните состојби кои беа констатирани како забелешки во овогодинешниот извештај на ЕК и усогласени во Собранието со заеднички заклучок меѓу пратениците, е главниот очекуван исход од
Препораките се кон согледување на реалноста и на забелешките кои ЕУ ги дава за одредени области, како државата да се справи со тие области
Андреј Петров, СДСМ

деветтиот состанок на Мешовитиот комитет меѓу ЕУ и Македонија кој се одржува овие два дена во Скопје со одложување од неколку месеци поради одржувањето на предвремените парламентарни избори.

„Сеуште во фаза на усогласување се ставовите меѓу двете делегации на ЕУ и на Македонија. Препораките се кон согледување на реалноста и на забелешките кои ЕУ ги дава за одредени области, како државата да се справи со тие области.“

Изајви Андреј Петров од СДСМ член на Мешовитиот комитет.
Претседателот на Комитетот Кенан Хасипи очекува дека препораките кои
Деветти состанок на македонските и европските парламентарци во рамки на Мешовитиот комитет
Деветти состанок на македонските и европските парламентарци во рамки на Мешовитиот комитет
ќе произлезат од дводневниот соостанок ќе имаат влијание во пресрет на состанокот Советот на министрите како и во контекст на расположението во европарламентот со оглед на тоа што негови членови се европарламентарци од различни партии.

„Нормално дека било која одлука или препорака од оваа страна има влијание и тоа сериозно со оглед на фактот дека тие функционираат во рамки на нивните парламентарни групи така што пренесувањето на ставовите врз парламентарната група де факто значи формирање на одредена лоби група во врска со преземените ставови.“

Изјави Хасипи.
За мене е важно европарламентарците да слушнат од прва рака од избраните парламентарци во земјава што е основно во врска со извештајот за напредокот како тие гледаат на продолжувањето на реформскиот процес
Ричард Ховит, известувач за Македонија во ЕП

Реформите во јавната администрација, борбата против корупцијата слободата на изразување како и ефектите врз Македонија од кризата во еврозоната се само дел од темите на коишто поединечно ќе се задржат членовите на комитетот. Препораките според претседателот на комитетот од Македонија имаат тежина и поради присуството на известувачот за Македонија во европарламентот, Ричард Ховит.

„За мене е важно европарламентарците да слушнат од прва рака од избраните парламентарци во земјава што е основно во врска со извештајот за напредокот како тие гледаат на продолжувањето на реформскиот процес и какви се нивните апсирации во врска со приближувањето на земјата кон ЕУ.“

Покрај Ховит обраќања пред пратениците во комитетот ќе имаат и вицепремиерката за евроинтеграции, Теута Арифи, министерот за надворешни работи Никола Попоски и вршителот на должноста шеф на делегацијата на ЕУ во Македонија Роберт Лидл.
XS
SM
MD
LG