Повторувањето на препораката за преговори за пратениците од власта е доказ дека извештајот е позитивен, а се забележува на бришењето на придавката „македонски“ од текстот на извештајот. Опозицијата, пак, препорачува реформи. Говорејќи за забелешките, од власта дури понудија препораки за тоа како треба Комисијата да го бележи напредокот на
земјава во иднина. Пратеникот Антонио Милошоски смета дека треба да се даде важност на параметрите кои веќе се постигнати во изминативе неколку години и успешно се одржуваат:
„Зголемено внимание да посвети на економските параметри во Македонија вклучувајќи ја тука и монетарната стабилност, вклучувајќи ги тука и другите институции поврзани со нашето стопанство, нашата економија, се со цел Македонија конечно после неколку позитивни извештаи и на Светската трговска организација и на други реномирани меѓународни организации, за конечно да се стекне и со признание од ЕК.“
Потпретседателот на опозицискиот СДСМ, Гордан Георгиев, пак, изнесе забелешки за односот на премиерот Никола Груевски кон евроинтеграциите и се осврна на реформите:
„Кои реформи? Нас клубот каде што сакаме да влеземе - Европската унија, кој што сега се повеќе почнуваме да го мразиме од страна на премиерот итн, ни вели дека последните три години, и тоа се гледа, дека прогресивно назадуваме наспроти реформите што треба да ги направиме за членство во ЕУ.“
Извештајот е важен за идна ориентација, смета вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи:
„Сметам дека освен што е значаен е една многу битна за нас ориентација за тоа како треба да бидеме ориентирани во однос на реформите и нашите приоритети кон ЕУ.“
Додека од опозицијата забележуваат на владин евроскептицизам, од власта сметаат дека напредокот во евроинтеграциите не зависи само од Македонија. Дали со екстернализација на одговорноста за забелешките од Комисијата е можно приближување кон европското семејство? Политикологот Алберт Муслиу вели дека не смее да се исклучи можноста дека Грција може да влијае на евроинтеграциите:
„А од друга страна не можеме ниту да замижиме пред фактот дека некои реформски процеси кај нас се одоговлечуваат, значи не ни го измислува тоа ЕУ туку ние реално имаме проблеми и со партизација на администрацијата, и со судството, и со недостатокот на дијалог, забелешки за Рамковниот договор...“
Пред Македонија да ја обвини Грција за кочење на евроинтегративниот процес, треба да си ја заврши домашната работа, смета Муслиу:
„И тогаш можеме слободно да ги напаѓаме и другите, но секако пред се треба да се заврши домашната работа.“
Зголемено внимание да посвети на економските параметри во Македонија се со цел Македонија конечно после неколку позитивни извештаи и на Светската трговска организација и на други реномирани меѓународни организации, за конечно да се стекне и со признание од ЕК.Антонио Милошоски, ВМРО-ДПМНЕ.
„Зголемено внимание да посвети на економските параметри во Македонија вклучувајќи ја тука и монетарната стабилност, вклучувајќи ги тука и другите институции поврзани со нашето стопанство, нашата економија, се со цел Македонија конечно после неколку позитивни извештаи и на Светската трговска организација и на други реномирани меѓународни организации, за конечно да се стекне и со признание од ЕК.“
Потпретседателот на опозицискиот СДСМ, Гордан Георгиев, пак, изнесе забелешки за односот на премиерот Никола Груевски кон евроинтеграциите и се осврна на реформите:
Кои реформи? Нас клубот каде што сакаме да влеземе - Европската унија, кој што сега се повеќе почнуваме да го мразиме од страна на премиерот итн, ни вели дека последните три години и тоа се гледа, дека прогресивно назадуваме наспроти реформите.Гордан Георгиев, СДСМ.