Достапни линкови

Партиско-етничка администрација


Наместо стручноста, партиските и рамковните вработувања пресудни за вработување во администрацијата, велат експертите. Македонија и годинава доби критики од ЕК.

Спроведувањето на реформите во јавната администрација во најновиот извештај на ЕК за напредокот на Македонија беше оценето како ограничено. Според извештајот, во иднина се потребни значителни дополнителни напори со цел да се обезбеди транспарентност, професионалност и независност на јавната администрација во практика.

Така пополнет систем на јавна администрација е неефикасен, може да биде биде ефикасен само оној систем што е пополнет од стручни луѓе.
Темелко Ристевски, универзитетски професор.
Главните недостатоци се лоцирани во однос на начинот на вработување.

Професор Темелко Ристевски вели дека треба да се оди повеќе на стручност на кадрите, а постојниот да се дообразува, а не власта да вработува свои луѓе за да им се реваншира за нивните залагања на изборите.

„Тоа не е добро, така пополнет систем на јавна администрација е неефикасен, може да биде биде ефикасен само оној систем што е пополнет од стручни луѓе, едуцирани за работите и должностите за коишто се вработуваат на работните места, само такви луѓе може да дадат резултати и само таква администрација може да биде ефикасна и ефективна.“

Во извештајот се вели дека и покрај тоа што Владата презема чекори за прекумерното користење на привремено вработените лица, бројни прашања остануваат отворени. Во многу случаи била забележана недоволна козистентност при примена на условите во однос на образование или искуство.

Ќе добиеме една слика, колку се вработени во јавниот сектор, колку примаат плата од буџет, од фондови, самофинансирачки дејности итн, а од друга страна ќе можеме тие да ги нормираме по нивните работни места, односно по нивните звања.
Борче Давитковски, универзитетски професор.
Професор Борче Давитковски вели дека мора во земјава да се донесе единствен закон со кој ќе биде регулиран односот на вработените во администрацијата, а паралелно на тој и Закон за финансирање со кој ќе се утврдат нивните плати.

„На тој начин прво ќе добиеме една слика, колку се вработени во јавниот сектор, колку примаат плата од буџет, од фондови, самофинансирачки дејности итн, а од друга страна ќе можеме тие да ги нормираме по нивните работни места, односно по нивните звања. Кога ќе го направиме тоа веќе можеме да планираме дали имаме гломазна, мала администрација, партизирана, непартизирана...“

Според извештајот, практиката покажува и недоволна координација за планирање на правичната застапеност меѓу Министерството за информатичко општество и администрација и Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор. Постапката на вработување останува подложна на политички влијанија. Ристевски вели дека треба да се изврши прераспределба на кадарот.

„Припадниците на албанската етничка заедница, колку што ги ценам состојбите, се веќе доволно застапени, меѓутоа проблемот е со припадниците на другите етнички заедници.“

Според извештајот, измените на Законот за државни службеници не обезбедува стратешки решенија на сите постојни предизвици, а потребен е нов соверемен и добро структуиран Закон за општа управна постапка.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG