Достапни линкови

Регионална соработка за членство во ЕУ


Повик за надминување на поделбите на Балканот од состанокот - „Европските предизвици на земјите од Западен Балкан“ одржан во Скопје

Географијата не направи соседи, историјата не направи пријатели, а потребата не направија сојузници, тие што господ така ги зближил, ниту еден човек неможе да ги раздели. Со овој читат на поранешниот претседател на САД, Џон Кенеди, вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи, ја објасни блискоста и поврзаноста на земјите од Западен Балкан.

Очекуваме дека во иднина Западниот Балкан ќе успее да ги надмине своите поделби и да почне да гради една заедничка маса, маса на Европа на Балканот
Теута Арифи

Таа како домаќин на денешниот состанок насловен како „Европските предизвици на земјите од Западен Балкан“, рече дека средбата има амбиција да го демонстрира сериозниот пристап за унапредување на можностите за регионална поврзаност и остварување на заедничката цел-членство во ЕУ.

Своето присуство во последен момент го откажал вицепремиерот на српската влада, Божидар Ѓелиќ.

„Очекуваме дека во иднина Западниот Балкан ќе успее да ги надмине своите поделби и да почне да гради една заедничка маса, маса на Европа на Балканот.“

Република Македонија е спремна и кадровски и организационо и вредносно, па и културолошки да ги започне преговорите за членство во ЕУ. И ќе биде фер и чесно тоа да ни се овозможи. И од тоа корист ќе има целиот регион без
Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски вели дека секој народ, секој регион се соочува со предизвици, а надминувањето на истите зависи од сопствениот потенцијал, трудот и посветенсота за нивно надминување.
Груевски вели дека Македонија работи на реформите и ги почитува стандардите на ЕУ, и секоја година е се поблиску до целта. Премиерот се надева дека ЕУ ќе го вреднува она што го прави Македонија.

„Јас сум убеден дека во овој момент Република Македонија е спремна и кадровски и организационо и вредносно, па и културолошки да ги започне преговорите за членство во ЕУ. И ќе биде фер и чесно тоа да ни се овозможи. И од тоа корист ќе има целиот регион без исклучок.“
Регионален работен состанок на тема „Европските предизвици на земјите од Западен Балкан“, Скопј,17 октомври 2011
Регионален работен состанок на тема „Европските предизвици на земјите од Западен Балкан“, Скопј,17 октомври 2011

Директорот на Генералниот директорат за проширување при Европската Комисија, Стефано Санино вели дека ваквите средби, се добри и за регионот, но и за ЕУ, тие преставуваат агенда за следниот период, за она што треба да се заврши за да се направи напредок. Санино вели дека земјите од регионот треба да се фокусираат на реформите во судството и јавната администрација, слободата на изразување, забрзување регионалната соработка и помирувањето и одржливо економско опоравување.

„Ова беше добра година и се надеваме дека во декември ќе имаме многу добри вести и се уште мислам дека тоа е возможно за многу земји од регионот, за да се движат во вистински правец.“
Ова беше добра година и се надеваме дека во декември ќе имаме многу добри вести и се уште мислам дека тоа е возможно за многу земји од регионот, за да се движат во вистински правец
Стефано Санино, директор на директоратот за проширување на ЕК


Известувачот за Македонија во Европскиот Пaрламент, Ричард Ховит,вели дека патот за членство во ЕУ може да биде долг и тежок, но тоа патување може да дојде до крајот, кога целта ќе биде постигната.

„Импулсот на процесот на проширување на Европската унија треба да продолжи, тоа не е униформен процес, не сите земји можат подеднакво и истовремено да се справат со сите проблеми, меѓутоа губењето на еден ваков импулс би било закана за процесот на проширување.“

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, изјави дека со ваквите собири се испраќа порака дека земјите од Балканот споделуваат зaеднички демократски вредности и добрососедски односи и се посветени на влезот во ЕУ.

Од регионалната средба нема да произлезе никаков документ, но сепак ќе има заклучочи за тоа како да се продолжи понатаму на патот кон ЕУ, рече домаќинот на средбата Теута Арифи.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG