Достапни линкови

Ваши коментари


Скандалот со група македонски новинари во Брисел, најкоментиран текст на нашата веб страна од слушателите.

Најпопуларен текст на нашата веб-страница, верувам дека сте забележале оти е преуредена и со повеќе информации, почитувани, е текстот за ,,Последиците по скандалот во Брисел“ - оној што по ден-два го засени славјето и радоста од успехот на нашите кошаркари на евробаскетот во Литванија. Мислам дека популарноста на овој напис, според испратените коментари, ја премина онаа на интервјуто со Љубчо Георгиевски или за можноста од геј парада во земјава.

Треба да се каже дека преовладуваат оние со осуда на намерниот настап на Велиновска, Неделковски и Нонковиќ со цел да предизвикаат инцидент на панел - дискусијата за слободата на медиумите во Македонија, што се одржа во Европарламентот во Брисел. Аце од Скупи, на пример, со иронија пишува дека Мирко и Славко се најголемите патриоти, само што тешко се разликуваат кој е кој.
x

Стефан од Битола вели дека бруката е на цела Македонија, дека Мирка и компанија, како што пишува, не смеат да се однесуваат недолично, но и дека европретставниците паднале на испитот од култура и такт. Зоран од Гевгелија смета дека на тие тројца треба да им се одземе лиценцата за новинари и забележува: „Уште еден непобитен факт за примена на тероризмот преку идеологијата!“

Непотпишан слушател упатува порака до Груевистите: „Знаете ли дека Мирка со години си цуцаше виски со БЦ, после му се закачи на брат Љубе, па сега игра за Грујо. Миленко е криминалец“, пишува непотпишаниот слушател, „кој за да не лежи затвор се прави патриот. Абе, и Грујо ќе го снајде иста судбина од овие платеници и таканаречени новинари“.

Анета прашува како г-ѓа Мирка и г-н Миленко ја разбираат демократијата во своите глави - како анархија ли? Господа интелектуалци ќе чекате да добиете збор, а не да викате како на Бит-пазар!

Владо од Скопје, меѓутоа, смета дека повикувањето на група новинари со јасни однапред дефинирани сфаќања по теркот на Сорос, СДСМ и А1 е со цел да се добие искривена слика за Македонија и прашува до кога ЕУ ќе ги толерира Кацин и Шацимаркакис кои се против актуелната власт во земјава.

Дејан од Прилеп мисли дека е срамно и бедно да се користат ваквите орвеловски методи за да се фингира реалноста. Не ги оправдувам ни другите, но барем „кланот на Велија“, како што го нарекуваат владините потрчковци, покажа основна комуникациска култура.

Инаку и нашиот Хајд-парк е инспириран од случувањата во Брисел, со прашањето „Каде води етикетирањето како предавници на новинарите и граѓаните кои не го делат мислењето со власта?“ За денеска само пораката од редовниот Џони од Валандово кој напишал кратко и јасно: „Во фашизам води. Кај да води!!!“

Хајд парк-неистомисленици со власта
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:55 0:00
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG