Достапни линкови

Нереални буџетски проекции


Владата го усвои Предлог Буџетот за 2012 година кој треба да биде доставен во Собранието
Владата го усвои Предлог Буџетот за 2012 година кој треба да биде доставен во Собранието

За опозицијата, проекциите на Владата за буџетот се премногу оптимистички и нереални и предупредуваат на последиците од нерационалните владини трошења.

Оптимистички и недомаќински се проекциите на Владата за буџетот на земјава во наредната година за опозициските партии. За коалициоскиот партнер ДУИ очекувањата се исполнети. Владата најави дека во идната година планира да потроши околу 2,7 милијарди евра, а буџетскиот дефицит би изнесувал 2,5 проценти од бруто домашниот производ. Растот на БДП е проектиран на 4,5 отсто, а инфлацијата на 2,5 отсто.
Имајќи ги предвид најавите за криза во еврозоната, мислам дека владата треба да биде повнимателна и подобро би било некоја помалку оптимистичка варијанта за прогноза да избере за да нема проблем во полењето на буџетот и во неговото трошење и реализација.
Марјанчо Николов, СДСМ.

Марјанчо Николов од СДСМ вели дека досега се покажало оти Владата не е добар прогнозер кога станува збор за макроекономските показатели во буџетот.

„Имајќи ги предвид најавите за криза во еврозоната знаеме дека земјите од ЕУ се главен трговски партнер, мислам дека владата треба да биде повнимателна и подобро би било некоја помалку оптимистичка варијанта за прогноза да избере за да нема проблем во полењето на буџетот и во неговото трошење и реализација.“

Тито Петковски од НСДП вели дека Владата во континуитет троши многу повеќе пари отколку што има на располагање и се задолжува.

„Задолженоста на државата расте од година во година, обврските се зголемуваат, а приходната страна секогаш се намалува, додека расходната се зголемува. Значи имаме неодговорно однесување во врска со располагањето со општествениот капитал.“


За Петковски, спорно е и тоа што малку пари ќе се издвојат за платите за администрацијата, а не за приоритетите на земјата.

„Воопшто не се ни спомнува дека ќе се прави рационализација во намалувањето на тие трошоци за администрацијата и едноставно најголемите приоритети во овој момент и кога станува збор за евроатлантските интеграции, за армијата и реформите, во овие сфери повторно најмалку средства се предвидуваат.“

Задолженоста на државата расте од година во година, обврските се зголемуваат, а приходната страна секогаш се намалува, додека расходната се зголемува. Значи имаме неодговорно однесување во врска со располагањето со општествениот капитал.
Тито Петковски, НСДП.
Бујар Османи од ДУИ вели дека тие го добиле она што го барале, односно распределбата на капиталните инвестиции да биде според пропорционалната застапеност на граѓаните и во духот на Рамковниот договор.

„Буџетот во делот на капиталните инвестиции ја рефлектира и застапеноста на граѓаните во делот на проектите коишто имаат етнички предзнак бидејќи за прв пат програмата на владата се состои од двете програми на политичките партии коишто ја сочинуваат коалицијата и тоа се одразува во буџетот.“

Приоритет на Владата ќе бидат капиталните инвестиции, како и реконструкција на болници, здравествени објекти, училишта и изградба на спортски сали. Во план е и зголемување на платите во јавниот сектор, пензиите и социјалните надоместоци.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG