Достапни линкови

Јавни набавки без тендери


Бројните неправилности констатирани од Заводот за ревизија при реализацијата на јавните набавки, укажува на потребата за посилна контрола и санкции, велат експертите.

Спроведувањето на речиси една четвртина од јавните набавки без тендер и спогодбите во четири очи претставуваат грубо кршење на законските одредби, реагираат упатените по извештајот на Државниот завод за ревизија. Сабина Факиќ од Центарот за граѓански комуникации вели дека организацијата веќе три години, колку што ги надгледува јавните набавки, укажува на слаба контрола и потреба од построги санкции за
Тоа што една четвртина од констатираните неправилности од страна на Државниот завод за ревизија се однесуваат на купување на стоки и услуги без да се спроведат соодветни постапки за јавни набавки укажува на грубо кршење на законот за јавни набавки.

непочитување на законот:

„Тоа што една четвртина од констатираните неправилности од страна на Државниот завод за ревизија се однесуваат на купување на стоки и услуги без да се спроведат соодветни постапки за јавни набавки укажува на грубо кршење на законот за јавни набавки од страна на институциите и ја доведува во прашање легалноста на трошењето на сериозна сума на јавни пари.“

Одговорност треба да сносат носителите на функции во соодветните институции, појаснува Факиќ:

„Најголем дел од своите извештаи каде што констатира неправилности Државниот завод за ревизија е должен да ги достави до јавното обвинителство, така што пред се тука би можела да кажам дека Јавното обвинителство е најслабата алка во обидот да се санкционираат ваквите случаи на непочитување на законот за јавни набавки и на злоупотребата на јавните пари на тој начин.“

Транспарентноста е важна бидејки за набавките се трошат народни пари, укажуваат познавачите.

Транспарентното спроведување на јавните набавки е важно бидејќи се трошат народни пари, смета Слаѓана Тасева, претседател на „Транспаренси Интернејшнал Македонија“.

„Во пракса се случува да се избегнува спроведување на тендерска постапка и се поголем број од набавките се спроведуваат со непосредни спогодби и без поведување на тендерски постапки и на тој начин се избегнува можноста за било каков увид и контрола во начинот на трошењето на буџетските пари освен од страна на Државната ревизија којашто тоа го прави една година подоцна откако ќе биде поднесен годишниот извештај за финансико работење.“
Во пракса се случува да се избегнува спроведување на тендерска постапка и се поголем број од набавките се спроведуваат со непосредни
спогодби.

Институциите некогаш се правдаат дека бил избран единствениот понудувач, поради што немало потреба од тендер, но често се утврдувало дека таквите тврдења се невистинити, вели Тасева:

„Или дека станува збор за итна набавка што исто така сите набавки и според законот за буџет и според законот за јавни набавки треба навреме да се испланираат во текот на претходната година за да се знае што е она што се набавува, а најчесто станува збор за набавки коишто се редовно, тековно работење на институциите.“

Дополнително, Државниот завид за ревизија има утврдено дека околу 7.5 отсто од договорите за јавни набавки се реализирани по цена повисока од предвидената во тендерската документација. Министерот за јавна администрација Иво Ивановски претходно изјави дека за сега не е запознаен со ревизорските наоди, и најави постапување согласно законскоите прописи.
XS
SM
MD
LG